Доколку имате постара сестра, ова е приказна за вас: 10 работи кои ги знаат само помалите сестрички

Овој текст најубаво ќе го сфатат само оние коишто имаат постара сестра. Ова е една од тајните на безусловната љубов.

Dokolku-imate-postara-sestra-ova-e-prikazna-za-vas-01.jpg

Истражувањето спроведено на Универзитетот Де Монфорт во Лестер и Универзитетот Улстер во Северна Ирска покажало дека сите они кои израснале со сестра покрај себе имаат позитивен поглед кон животот.

Истражувањето спроведено помеѓу испитаници на возраст од 17 до 25 години открило дека сестрата поттикнува отворена комуникација во семејството, што е еден од главните предуслови за добро ментално здравје.

Ова е само една од позитивните страни на растењето со сестра. Еве ги другите 10:

1. Никој нема толку брзо и беспоговорно да застане на твојата страна како постара сестра. Без разлика дали станува збор да проблем на работното место, со пријателите или пак во љубовната врска, таа секогаш ќе биде твојата најголема поддршка.

2. Таа секогаш ќе ти ја каже вистината, дури и кога боли. Но, токму затоа и најмногу му веруваш на нејзиното мислење – знаеш дека таа никогаш нема да те излаже.

3. Бидејќи прва поминала низ сите непријатности на пубертетот, постарата сестра е одличен извор на информации кои се однесуваат на првиот менструален циклус, акни и други прашања поврзани со хормоните. Ситуацијата не е ништо поинаква денес, и понатаму ѝ се јавуваш и ја прашуваш: Даде, дали е ова нормално?

4. Нејзиниот плакар со облека е и твој плакар. Твојот плакар си е пак само твој.

5. Таа ги знае најнепријатните моменти од твојот живот. Доколку веќе некој мора да ги знае, драго ти е што таа личност е твојата постара сестра. И знаеш дека никому нема да му ги открие твоите тајни.

6. Можете да се скарате за помалку од една минута, но и двете сте заштитнички настроени една кон друга. Никој не смее да каже ништо лошо за твојата сестра.

7. Блиски сте, дури и доколку не живеете во истиот град или пак не се гледате премногу често. Таа секогаш знае што точно ви се случува во животот.

8. Нејзините деца се и ваши деца. Иако никогаш не сте разговарале на темата, откако ги родила децата вие сте нивната втора мајка. Се подразбира дека сте омилената тетка и секогаш тука доколку им биде потребна вашата помош.

9. Низ годините сте си смислиле интерни шеги кои никој не ви ги разбира, освен вие самите. Всушност, имате таен заеднички јазик кој не го разбираат дури ниту вашите родители. Понекогаш не мора да кажете ниту еден, единствен збор, доволно е да се разберете двете само со поглед.

10. Благодарение на неа, точно знаете што значи да се има безусловна љубов во животот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
Мајка стана вирален хит со воспитувањето на синовите – ги учи да чистат и да ги делат обврските со и... „Кога добив синови, сакав да бидам сигурна дека ќе имаат почит кон девојчињата“ ...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg