Забавни и креативни детски проекти со картон од тоалетна хартија


Забавни и креативни детски проекти со картон од тоалетна хартија

Ако сте го чекале совршениот момент за некој креативен проект со вашето дете, сега е вистинското време за тоа.

zabavni-i-kreativni-detski-proekti-so-karton-od-toaletna-hartija-01.jpg

Денес можеби има безброј игри, видеа, филмови и цртани што ќе го исполнат слободното време на вашето малечко, но не треба да се запостави и неговата креативност.

А, зарем има подобар начин да ја активирате детската имагинација од креативните проекти?

За проектите во продолжение ќе ви треба картон од тоалетна хартија и предмети кои веројатно ги имате во домот. Уште подобро е што нередот од овие проекти е минимален.

Нинџа желки

За да направите Нинџа желки, ќе ви требаат четири картони од тоалетна, боја и обоени листови хартија.

Ако немате обоени листови, можат да ви послужат и бели кои ќе ги обоите со виолетова, црвена, портокалова и сина боја.

Наместо пластичните очи како на фотографијата, можете да направите очи од хартија.

zabavni-i-kreativni-detski-proekti-so-karton-od-toaletna-hartija-02.jpg

Двоглед

Потребни ви се два картони од тоалетна и конец или волница со живи бои.

Можете да ги залепите картоните еден за друг, или само да ги врзете со конците. На едниот крај додајте и „ремче“ за околу врат.

zabavni-i-kreativni-detski-proekti-so-karton-od-toaletna-hartija-03.jpg

Слонови

Со картоните можете да направите и слонче. Ако сте креативни, направете и други животни, па вашето малечко ќе има цела зоолошка.

zabavni-i-kreativni-detski-proekti-so-karton-od-toaletna-hartija-04.jpg

zabavni-i-kreativni-detski-proekti-so-karton-od-toaletna-hartija-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што може да направите за вашето дете да престане да мокри во кревет додека спие? Иако можеби сте го одвикнале детето од пелени и сте го научиле само да оди во то...
За сè што „мрчев“ пред да станам мајка – а, сега истото го правам како „попче“ Немој да солиш памет за деца, кога немаш деца. Ниту за односот на родителите. Ни...
Фотка од татко што му менува пелена на своето дете во јавен тоалет стана вирален хит Дали сопствениците на локалите прават сè за да им го олеснат престојот на луѓето...

Најчитани неделава