Жена го носи и ќе го роди бебето на сестра си, откако дознала дека бременоста може да ја убие сестра ѝ


Жена го носи и ќе го роди бебето на сестра си, откако дознала дека бременоста може да ја убие сестра ѝ

Кога имате сестра тогаш имате сојузник во сите бури, а оваа прекрасна приказна е доказ за тоа.

zhena-go-iznosela-bebeto-na-sestra-si-otkako-doznala-deka-bremenosta-mozhe-da-ja-ubie-sestra-i-01.png

Ребека Брегдон Адамсон имала операција на 20 години кога ѝ бил отстранет дел од мочниот меур бидејќи страдала од интерстицијален циститис.

Но, дури 14 години подоцна дознала дека таа операција всушност значела дека за неа бременоста е опасност и ако одлучи да има бебе тоа може да ја убие.

34-годишната Ребека од Флорида и нејзиниот 38-годишен сопруг Боби биле очајни кога го слушнале тоа.

Но, нејзината помала сестра Бријана (28) се понудила таа да го износи и роди нивното бебе, односно да има улога на сурогат мајка.

zhena-go-iznosela-bebeto-na-sestra-si-otkako-doznala-deka-bremenosta-mozhe-da-ja-ubie-sestra-i-02.jpg

Сега, Бријана е во 7-миот месец од бременоста, а парот е пресреќен што очекува принова.

zhena-go-iznosela-bebeto-na-sestra-si-otkako-doznala-deka-bremenosta-mozhe-da-ja-ubie-sestra-i-04.jpg

Сестринската љубов навистина е бесценета.

Инаку, Бријана имала 3-годишен син и не сакала повеќе да има деца. Во нејзиниот стомак сега е ќерката на нејзината сестра.

zhena-go-iznosela-bebeto-na-sestra-si-otkako-doznala-deka-bremenosta-mozhe-da-ja-ubie-sestra-i-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена роди 3 здрави бебиња, откако преживеа корона Меги раскажува за своето убаво, но и на моменти застрашувачко искуство како е да...
„Доењето ми ги уништи градите“ - Реченици што ниту една доилка не сака да ги слушне Мајките кои дојат честопати се соочени со несоодветни прашања и изјави кои не се...
Сѐ уште немаш деца? - Колку ги повредувате жените со недоличните прашања и коментари? Понекогаш, ако не знаете што да кажете, најдобро е да молчите. Особено кога стан...

Најчитани неделава