Зошто вашето постаро дете не треба да му биде дадилка на помалото?


Зошто вашето постаро дете не треба да му биде дадилка на помалото?

Кога постарото дете ќе порасне, повеќето родители сметаат дека негова должност е да се грижи и за помалите браќа и сестри.

zoshto-vasheto-postaro-dete-ne-treba-da-mu-bide-dadilka-na-pomaloto-01.jpg

Иако е во ред постарото дете да ви помага, не би требало да го гледате како дадилка. Сепак, вие сте родителите во домот и не треба и постарото дете да ја презема таа улога.

Во продолжение погледнете зошто:

Му давате преголема одговорност

Важно е детето да научи да биде одговорно, но едно e да ви помага во чистењето и домот, а друго е со часови да се грижи за помалите браќа и сестри секојдневно, без ваш надзор.

Ако детето се согласува со тоа, во ред. Но, немојте да го присилувате или да го терате да прави нешто за коешто не се чувствува подготвено. Не заборавајте дека детето сигурно е исплашено и веројатно не знае да се снајде ако се случи некоја незгода.

zoshto-vasheto-postaro-dete-ne-treba-da-mu-bide-dadilka-na-pomaloto-02.jpg

Детето не е професионалец

Кога не можете да најдете дадилка, постарото дете може да ви помогне, но не очекувајте да се однесува како професионалец. Не очекувајте да биде посветено на грижата за братчето или сестричката како возрасна личност.

Само затоа што е постаро, не значи дека детето знае како правилно да смени пелена или како правилно се храни бебе.

Ако го оставате постарото дете да се грижи за помалото, осигурете се дека му давате обврски погодни за неговата возраст.

zoshto-vasheto-postaro-dete-ne-treba-da-mu-bide-dadilka-na-pomaloto-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

3 сестри се бремени во исто време и ќе се породат во рок од неколку седмици Велат дека ова уникатно искуство е неверојатно и дека заедно си ги споделуваат р...
Грицкање нокти, кажување пцости - Како да го одвикнете детето од најчестите лоши навики? Грицкањето нокти, чепкањето на носот и повремените лаги се навики што можат да с...
Што ако вашето дете исчезне? Упатство како да реагирате Исчезнување на луѓе се случува и тоа не само некаде далеку, туку и тука кај нас....

Најчитани неделава