Др. Митов советува: Многу е важно децата да легнуваат рано и во исто време

Поради најразлични причини, во последно време се зголемува бројот на случаи каде децата си легнуваат доцна во ноќта. Прво, самиот проблем со задоцнетото легнување на децата се прелева и кај родителите.

dr-mitov-sovetuva-mnogu-e-vazhno-decata-da-legnuvaat-rano-i-vo-isto-vreme-01.jpg

Ако детето легнува доцна и родителите легнуваат доцна и често запаѓаат во хроничен замор заради недоволно спиење со месеци. Децата пак, имаат потреба од подолг сон, па со легнувањето многу доцна се зголемува и веројатноста да спијат помалку од потребното што создадава негативни последици од различен тип за кои зборуваме подолу.

Второ, лошите навики за спиење многу често го ослабуваат имунитетот и придонесуваат за зголемено покачување на телесната тежина.

Трето, со самото задоцнето заспивање на децата, родителите го губат таканареченото ВРЕМЕ ЗА СЕБЕ, што може да повлече многу сериозни последици за семејството.

dr-mitov-sovetuva-mnogu-e-vazhno-decata-da-legnuvaat-rano-i-vo-isto-vreme03.jpg

Спиењето е важно како и здравата исхрана и редовната физичка активност.

Правилното спиење му помага на телото во „рестартирањето”, односно поправањето на штетата која е причинета во текот на денот, највеќе од слободните радикали, изложеноста на стрес и други надворешни влијанија, но спиењето е исто така период на природната обнова на клетките.

Помеѓу компоненти кои се „обновуваат” се и невротрансмитерите, хемикалии кои им ја овозможуваат комуникацијата на мозочните клетки. Неодамна експертите утврдија и дека спиењето обезбедува „прочистување’’ на мозочните ќелии од токсините кои претставуваат потенцијална опасност за развивање одредени болести.

Најновите податоци кои ги добиваме од науката на оваа тема велат дека и многу мали нарушувања во „патернот’’ или навиката за спиење кај децата, може да доведе до доста сериозни проблеми.

Студијата од Dalhousie University вели дека проблемите од нарушениот сон се видливи само по 4 ноќи во кои децата спијат само 1 час помалку од потребното.

Истражувачите велат дека очекувано било да се забележат одредени разлики, но драстичните промени кои ги утврдиле за толку краток временски интервал, дефинитивно биле изненадување.

Педијатрите заклучуваат дека доста често родителите и не забележуваат дека детето не спие доволно, а како најчести причини за тоа се некаков вид на активности и хобија кои ги имаат по училишните обврски, но за најпроблематични се сметаат гледањето на телевизија и употребата на паметните телефони.

Нарушениот сон е можен и заради некои посложени причини како што се синдромот на невнимание и хиперактивност (АДХД), аутизам или Аспергеров синдром.

dr-mitov-sovetuva-mnogu-e-vazhno-decata-da-legnuvaat-rano-i-vo-isto-vreme02.jpg

Во продолжение, 5 конкретни причини зошто сонот е толку значаен и зошто е важно да знаете дали вашето дете спие доволно, а потоа и колку долг сон се препорачува за децата и бебињата од релевантните медицински институции.

5 причини зошто вашето дете има нужна потреба од подолг сон

1. Спиењето поттикнува раст.

Хормонот за раст примарно се лачи во текот на длабокиот сон. Италијанските истражувачи проучувајќи ги децата со дефицитарни нивоа на хормонот за раст, утврдиле дека тие имаат „длабок сон” доста пократко време од просекот на децата.

2. Спиењето е добро за здравјето на срцето.

Децата со нарушена навика за спиење често имаат мозочна престимулираност за време на спиењето, што може да поттикне состојба на стрес, повеќепати во ноќта, односно овие деца имаат константно покачени нивоа на кортизол и глукоза во крвта.

Ваквата состојба се поврзува со дијабетес, дебелина и зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања. Така, доволното спиење придонесува за подобро кардиоваскуларно здравје и кај најмладите.

3. Спиењето влијае на телесната тежина.

Сé поголем број на студии го потврдуваат тврдењето дека недоволното спиење ја зголемува телесната тежина кај сите, а особено кај децата и бебињата.

Врската помеѓу спиењето и телесната тежина се должи на следното: кога јадеме до заситување, нашите адипоцити (масни клетки) создаваат лептин, хормон кој сигнализира дека јадењето треба да престане.

Нарушувањата во навиките за спиење предизвикуваат и нарушување во лачењето на овој хормон, па децата многу често се прејадуваат. Студиите покажуваат дека децата кои не спијат доволно, имаат поголема веројатност од дебелина.

Дополнително, ризикот за дебелина го зголемува и фактот што како и возрасните, така и децата кои се уморни и под стрес, полесно посегнуваат по нездрава храна (со додадени шеќери, сол, заситени маснотии..), а исто така имаат тенденција да бидат помалку физички активни, па согоруваат помалку калории.

dr-mitov-sovetuva-mnogu-e-vazhno-decata-da-legnuvaat-rano-i-vo-isto-vreme04.jpg

4. Сонот го зајакнува имунитетот.

Во текот на спиењето, децата (и возрасните) лачат протеини наречени цитокини, соединенија кои се многу важни во борбата на телото со инфекциите, болестите и стресот.

Покрај тоа што помагаат во борбата со болестите, тие го поттикнуваат сонот што објаснува зошто кога имаме грип или настинки се чувствуваме толку поспано. Во ваков случај, цитокините нé поттикнуваат да одмараме што ја подобрува способноста на телото полесно да се излекува.

Нарушеното спиење го намалува бројот на овие протеини, па студиите утврдуваат дека при изложеност на патогени, луѓето кои спијат под 7 часа имаат дури 3 пати поголема веројатност да развијат вирусна или бактериска инфекција. Иако сé уште не постојат вакви истражувања кај најмалите, се смета дека ефектот е сличен.

5. Спиењето ја подобрува концентрацијата и ги зголемува способностите за учење.

Студиите утврдуваат дека само 30 минути повеќе сон, на децата во школска возраст им овозможува послесно справување со честите промени во расположението и со импулсивноста, па послесно можат да се фокусираат на учењето.

Децата со синдромот на невнимание и хиперактивност (АДХД) се поранливи на негативните ефекти од нарушените навики за сон, па кај нив треба да се посвети и поголемо внимание.

Истражувањата утврдуваат дека спиењето ја подобрува способноста за учење кај децата од било која возраст.

Колку сон им е потребен на децата според возраста и совети за усвојување на полесни навики за добро спиење ќе најдете на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...
„Се грижам за децата и сите обврски во домот, а навечер работам - сопругот смета дека не заслужувам ... „Се грижам за трите деца и сите обврски во домот. Кога ќе си легнат, работам нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg