Др. Митов советува: Многу е важно децата да легнуваат рано и во исто време

dr-mitov-sovetuva-mnogu-e-vazhno-decata-da-legnuvaat-rano-i-vo-isto-vreme01.jpg

Колку долго треба да спијат децата?

Според Британскиот NHS или британското здравство, децата имаат различни потреби за спиење во зависност од возраста.

  • Бебињата во првата недела имаат потреба од 8 часа сон во текот на денот и 8 ипол часа во текот на ноќта.
  • Во четвртата недела, во текот на денот 6-7 часа и 8-9 часа во текот на ноќта.
  • Кога бебето има 3 месеци, има потреба од 4-5 часа спиење во текот на денот и 10-11 часа во текот на ноќта.
  • бебињата од 6 до 9 месеци, треба да спијат 2-3 часа во текот на денот и 10-11 во текот на ноќта.
  • бебињата 1-2 години, 1-2 часа во текот на денот и 11 часа во текот на ноќта
  • децата 3-4 години, 11-12 часа во текот на ноќта
  • децата 5-9 годишна возраст, треба да спијат 10-11 часа во текот на ноќта
  • децата 10-13 годишна возраст треба да спијат 9-10 часа во текот на ноќта
  • тинејџерите до 9 часа во текот на ноќта

dr-mitov-sovetuva-mnogu-e-vazhno-decata-da-legnuvaat-rano-i-vo-isto-vreme01_1.jpg

Кратки совети за полесно усвојување на добри навики за спиење:

Основно е да се препознае дали постои некаков проблем со навиката за спиење на вашето дете.

Не им дозволувајте на децата седење пред уреди кои емитуваат сина светлина барем 1 час пред спиењето.

Овозможете им удобен простор за спиење, простор со нешто пониска температура.

Воведете некаква релаксирачка навика пред спиењето, која ќе асоцира на спиење, на пример читајте бајки и обидете се вашето дете секој ден да си легнува во одредено време.

Поголемата физичка активност во текот на денот е добра и за подобриот сон.

Не им дозволувајте на децата заспивање со цуцла полна со млеко или сокови.

Не дозволувајте кофеински газирани пијалаци со додадени шеќери.

Силното осветлување на домот не е паметен избор.

Извор: https://drmitov.mk/



Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...
„Се грижам за децата и сите обврски во домот, а навечер работам - сопругот смета дека не заслужувам ... „Се грижам за трите деца и сите обврски во домот. Кога ќе си легнат, работам нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg