Знаци кои откриваат дека вашиот партнер најверојатно ќе биде добар татко

Ако сте во сериозна врска и некогаш сакате да имате деца, сигурно сте се запрашале каков татко би бил вашиот партнер.

znaci-deka-vashiot-partner-verojatno-kje-bide-dobar-tatko-01.jpg

Нормално, не можете со сигурност да знаете сè додека не се случи тоа, но постојат некои знаци што ги „издаваат“ мажите кои се добри татковци.

Погледнете за кои станува збор:

1. Одлучен е. Кога ќе формирате семејство, важно е да имате поддршка од партнерот, а одлучниот маж ќе ви го овозможи токму тоа.

2. Понекогаш ви се спротивставува. Кога ќе погрешите, партнерот ви го кажува тоа, без да создава конфликт. Ова е одлика што е важна кога ќе дојде време за воспитување на детето.

3. Ви покажува сочувство и сака да помага. Ова значи дека нема само вие да бидете одговорни за вашето дете – и партнерот ќе ви помага со сите обврски.

znaci-deka-vashiot-partner-najverojatno-kje-bide-dobar-tatko.jpg

4. Има милениче. Не значи дека ако партнерот нема милениче, ќе биде лош родител. Едноставно, ако знае да се грижи за друго суштество веројатно ќе биде и добар татко.

5. Одговорен е. Благодарение на ова, знаете дека партнерот нема да ги избегнува обврските и ќе можете да сметате на него.

6. Може да функционира и под притисок. Каков проблем и да настане во семејството, ако партнерот ја има оваа способност, тогаш знаете дека и тој ќе ви помогне.

7. Се грижи и за вашите потреби. Ова не значи дека тој ви ги исполнува сите желби, но секогаш ве зема предвид и вам. Тој е несебичен и сигурно ќе биде многу грижлив татко.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...
6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да ...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg