„Во паника сум, иако сум среќна што забременив, се плашам од уште еден спонтан абортус“

vo-panika-sum-iako-sum-srekjna-shto-zabremeniv-se-plasham-od-ushte-eden-spontan-abortus-01.jpg

Исповед на 34-годишна жена...

„Мојот партнер и јас сме возбудени што сум 7 седмици бремена, но преплашена сум дека ќе доживеам уште еден спотан абортус.

Болката и тагата од првиот и вториот пат кога доживеав спонтан абортус имаше големо влијание врз нашата врска.

Ако уште еднаш изгубиме бебе не знам дали и како ќе успееме да се справиме како пар.

Секојпат кога ми се случува тоа се чувствувам сѐ помалку како жена.

Млади сме, но навистина не можам да ја поднесам тензијата. Се чувствувам како неуспех и имам чувство како веќе да сум го изгубила и ова бебе.

Докторот ме уверува дека не е така и дека сѐ е во ред.

Се будам во паника дека ќе дознаам дека ќе го изгубам бебето. Чувствувам дека полудувам. Воопшто не ни уживам во бременоста.

Навистина е тешко да не се грижам, но морам да ставам крај на ова. Ќе појдам на психолог за да му ги кажам моите грижи, можеби тој ќе успее да ми ги смири демоните, кога никој од моите блиски не успеа.

Ме убива анксиозноста, мора да побарам помош.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Прости ми што ти се лутам кога се будиш, а мене ми се спие“ - Мајка со емотивна порака до детето „Прости ми што понекогаш сум среќна што некој друг се грижи за тебе. Прости...
„Двапати донирав орган за мајка ми - тоа е мала цена за да ја видам здрава и среќна“ „Никој не беше подготвен за тоа да ја нема мајка ни во нашите животи. Тоа беше п...
Босански психолог: „Денешните родители ретко наоѓаат време за децата, па ги обвинуваат наставниците ... „Воспитувањето бара време, бара труд и бара работа, првенствено врз себе, а дури...
13 предизвици со кои се соочуваат жените во бременоста и на породилно (без да знаат однапред) Заборавете на фразите од типот „никогаш нема да носам градник без push-up“ – ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg