Кал до колена, дамки по облеката: зошто е важно детето да се извалка?

Сигурно многупати сте се сретнале со дете кое е извалкано на обравчињата и устата, со валкани и лепливи рачиња, со исфлекана облека. Тоа е дете на кое му е дозволено да истражува и да ужива во растењето.

kal-do-kolena-damki-po-oblekata-zosto-e-vazno-deteto-da-se-izvalka-01.jpg

А, колку пати сте слушнале од родителите, а можеби и Вие сте еден од нив, како му вели на своето дете „Не се валкај”, „Внимавај да не се намокриш” , „Не играј со песок и кал” итн.

На темата зошто е важно да дозволите на детето да си игра безгрижно, ни пишува логопедот Симона Василеска Николовска.

Валканото дете е среќно дете - валканото дете е здраво дете, валканото дете се развива.

Родителите несвесно многу грешат кога им бранат на децата да се извалкаат додека тие си играат со песок, или трчаат во трева или играат со храната. Ги лишуваат децата од градење на силен имун систем, им го скратуваат правото на сензорна игра, го спречуваат развојот на фините моторни вештини.

kal-do-kolena-damki-po-oblekata-zosto-e-vazno-deteto-da-se-izvalka-02.jpg

Низ играта детето учи за светот околу себе, на еден нов, интересен и за детето искуствено траен начин кој засекогаш останува во неговото сеќавање.

Играта со природни материјали и вода ја поттикнуваат љубопитноста и креативноста кај децата, ја развиваат концентрацијата, ја развиваат фината моторика и координацијата на движењата.

Иако играта сама по себе е невербална, со вклучување на друго дете или родителот, од овие игри може да произлезат прекрасни приказни кои ќе го стимулираат говорно-јазичниот развој.

Токму ова врсничко дружење ја потпомага самодовербата и развојот на социјалните врски.

На крајот, овој начин на играње ги прави децата среќни.

kal-do-kolena-damki-po-oblekata-zosto-e-vazno-deteto-da-se-izvalka-03.jpg

Постојаната потреба за совршено чист дом наспроти детскиот развој, радост и задоволство.

Не дозволувајте секогаш домот да Ви биде беспрекорно чист. Дозволете им на децата да истражуваат, бенефитите кои ги нуди неструктуираната игра и слобода се големи наспроти чистотата и уредениот дом.

Дозволете си да излезе на виделина детето во Вас, играјте со детето и извалкајте се и Вие и уживајте заедно.

Логопедот Симона Василеска Николовска може да ја следите на Инстаграм. 

Прочитајте и: Зошто моето дете не може да задржи внимание на игра повеќе од 4-5 минути?

 ©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg