5 најчести прашања од родителите со д-р Катерина Ставриќ на тема млечни производи

Д-р Катерина Ставриќ, педијатар и имунолог, одговара на најчестите прашања на родителите на тема „Млеко и млечни производи и нивното влијание врз имунолошкиот систем на децата“. 

5-najcesti-prasanja-od-roditelite-so-dr-katerina-stavrik-na-tema-mlecni-proizvodi-01.jpg

Од која возраст треба да се почне со воведување на млечни производи во исхраната на децата и со што е најдобро да се почне?

Млечни производи може да се започнат со внесување од 8 месечна возраст на доенчето и тоа со ферментирани млечни производи во вид на јогурт, кисело млеко, павлака, несолена урда. Кравјо млеко може да се внесе после наполнување на 1 година.

Според возраста, колку ml млеко или јогурт треба да внесува секое дете?

Во тек на втората и третата година дневните потреби се 500 мл млеко и млечни производи, до 8 годишна возраст до 600 мл а помеѓу 9 и 18 година по 700 мл млеко и млечни производи на ден. Со секојдневен внес на овие количини млеко и млечни производи се обезбедуваат потребните хранливи материи за детскиот организам кој е во раст и развој.

5-najcesti-prasanja-od-roditelite-so-dr-katerina-stavrik-na-tema-mlecni-proizvodi-03.jpg

Кои витамини се клучни за зајакнување на имунитетот кај децата? Дали доколку редовно децата внесуваат млечни производи, нема потреба да примаат останати суплементи за внесување на потребните витамини?

Со правилна исхрана која подразбира внес на основните 4 групи храни и тоа жита, зеленчук и овошје, млечни производи и месо, јајце или риба се обезбедува внес на сите хранливи материи.

Кога зборуваме за млекото и млечните производи, доволно е во текот на денот да се внесат 3 оброци при што еден оброк е 1 чашa млеко/ јогурт, или 1 лажица урда, или парче сирење, или 2 лажици кисело млеко.

Изборот треба да биде во зависност од желбите на детето. Во тој контекст, млеката и јогуртите што се збогатени со витамини и минерали се посебно погодни затоа што во својот состав ги вклучуваат битните витамини за јакнење на имунитетот, но и за поттикнување и на други корисни процеси во организмот. Притоа, покрај корисните состојки од млекото како протеините и минералите, истовремено се внесуваат и потребните витамини доколку не се внесат преку исхраната.

Каква е разликата меѓу обично полномасно млеко и млека збогатени со витамини и минерали?

Масленоста на млекото е важна за првите години од животот кога се препорачува да се дава полномасно млеко поради важноста на мастите за развојот на мозокот. До 5 годишна возраст не се препорачува давање на млеко со масленост под 1%.

Млекото, со оглед дека е дел од правилна секојдневна исхрана на децата, често се збогатува со витамини кои исто така се неопходни за раст и развој на детето, како и јогуртот, и ваквите производи се достапни и на нашиот пазар. Витамин А, Д, Е и К се витамини кои се растворливи во масти, додека витамините од Б група, Ц витамин се растворливи во вода.

Од која возраст можам да дадам чоколадно млеко?

Чоколадното млеко може да се внесува после првата година, со тоа што засладени млека не се препорачуваат кај деца кои се склони кон дебелење.

Со оглед на вкусот некои деца го сакаат чоколадното млеко, но не треба само тоа да биде како извор на млечни производи во секојдневната исхрана. Секако подобрата опција се функционалните чоколадни млека, збогатени со витамини и минерали.

5-najcesti-prasanja-od-roditelite-so-dr-katerina-stavrik-na-tema-mlecni-proizvodi-02.jpg

Како дополнителна информација за родителите во нивната секојдневна потрага по најдобрата и најздравата исхрана за децата, секако би го потенцирала повторно значењето на млечните протеини и посебно калциумот и нивната голема улога во следењето на детскиот развој.

Млекото и јогуртот со својот состав од протеини, витамини и минерали помагаат за зајакнувањето на коските кај детскиот организам кој се наоѓа во период на интензивен раст и развој.

А млеката збогатени со витамин Д имаат двојна функција, покрај што ги обезбедуваат потребните количини од витамин Д, истовремено овој витамин кога е присутен во млекото ја подобрува ресорпцијата на калциумот од млекото во организмот.

Некогаш не е лесно да се направи најдобриот избор и да се обезбеди за детето дневна исхрана каде се застапени сите витамини и минерали, толку потребни за следење на неговиот брз развој. Затоа тука посебно улога имаат млеката и јогуртите чиј состав е збогатен со витамини и минерали, како што се производите на Битолска млекара, Битолски јогурт и Битолско млеко со 10 витамини.

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...
Хрватски психолог советува: „Родителите што премногу им угодуваат на децата се токсични, какви после... И родителите од кои децата се плашат, и оние родители кои се плашат да не ги воз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg