„Не било судено...“ – Реченици кои не треба да ги кажете на мајката која го изгубила бебето

Спонтаниот абортус не е повеќе табу тема, но и тоа како е болна тема.

ne-bilo-sudeno-recenici-koi-ne-treba-da-gi-kazete-na-majkata-koja-go-izgubila-bebeto-01.jpg

Со оглед на тоа што многу голем број од жените се соочуваат со спонтани абортуси, треба да знаете како да изреагирате доколку вашата пријателка, колешка или братучетка се соочила со нешто вакво.

Ова се речениците кои никако не смее да ги изговорите, односно не се никаква утеха:

„Бебето и онака не беше родено...“

За многу жени врската и поврзаноста со бебето започнува во моментот кога ќе дознаат дека се бремени.

„Барем не беше бремена долго...“

Вистина е дека компликациите се потешки колку повеќе месеци одминуваат, но траумата не зависи од должината на бременоста пред несакано да се прекине.

„Не било судено...“

Ова може сериозно да нанесе последици и сложени емоции кај мајката која веќе пати.

„Барем знаеш дека можеш да останеш бремена...“

Сепак, нема потреба да ги споредувате маките на жените кои не можат да останат бремени со маките на мајката која го загубила своето дете.

ne-bilo-sudeno-recenici-koi-ne-treba-da-gi-kazete-na-majkata-koja-go-izgubila-bebeto-2.jpg

„Им се случува на сите, не е толку страшно.“

Тоа што се случува често не е никаква утеха, ниту ја намалува болката.

„Можеби требаше/не требаше...“

За мајчиното срце најголем удар е кога некој од страна ѝ сугерира што требала/не требала да направи. Односно, дека таа не е доволно добра за да си го сочува и израсне детето здраво.

„Ќе бидеш добро за некое време...“

Тагувањето е изразено само одреден период, тоа е вистина, но тоа што по недела-две мајката се враќа на обврските и животот не значи дека тагата е помината.

„.Биди благодарна за она што го имаш.“

Едноставно, како што едно „издржи“ во тешките моменти не секогаш ви се чини лесно изводливо, така и овој коментар нема никако да ѝ го олесни процесот на мајката.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...
Колку вода треба да пиете додека доите за да спречите дехидрирање? Колку вода треба да пиеме додека доиме? Дали сме испиле премногу или премалку те...
„Зошто детето да го добие презимето на таткото, а не на мајката?“ – Жена поттикна жестока дебата на ... Со објава на Твитер во која им порачува на бремените жени да им го дадат своето ...
Предмети во детската соба кои можат да бидат опасни за бебиња и многу мали деца Перница во бебешкото креветче и играчки со магнети – некои предмети можат да пре...
Не е важно дали сте го загубиле бебето во 6-ата или 20-тата недела – вашата загуба е тешка Без разлика дали претходно не сте имале деца. Без разлика дали веќе имате дете. ...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg