„Плачев кога ми кажаа дека носам девојче. Се надевав дека ќе родам уште едно момче...“

Знам што си мислите – „Мора да е многу плитка личност штом се грижи за полот на нејзиното неродено дете“.

plachev-koga-mi-kazhaa-deka-nosam-devojche-se-nadevav-deka-kje-rodam-ushte-edno-momche-01.jpg

Сиа Купер е мајка која постојано зборува отворено за своите родителски искуства, а токму таква е и оваа исповед која ја пренесуваме во целост од неа:

Болничарката ме праша: „Дали си подготвена?“

Ja прашав, возбудена: „Дали е момче?!“

Таа ја затресе главата. „Не.“

„Дали е девојче?“ Се надевав дека ја разбрав погрешно.

„Да“, ми рече.

Срцето ми се скрши.

Бев во 16-тата недела од бременоста со моето второ дете. Веќе бев мајка на прекрасно мало момче и се надевав дека ќе имам уште момчиња. Сонот ми се распадна пред очи.

На патот кон дома откако го дознавме полот, плачев многу. Не беше убава глетка и бев благодарна што бевме со разни автомобили со сопругот, бидејќи тој дојде од работа за да се сретнеме во болницата.

На мојот преглед една недела подоцна, докторот го потврди полот на нашето дете и, да … сè уште беше девојче. Изгледа имав трошка надеж дека претходно болничарката направила грешка.

Знам што си мислите.

„Мора да е многу плитка личност штом се грижи за полот на нејзиното неродено дете“.

„Треба да биде среќна бидејќи ќе има здраво дете!“

„Колку себично! Некои жени сонуваат само да останат бремени, а таа е загрижена за полот!?“

И, во право сте. Здравото бебе е дефинитивно најважното нешто за коешто треба да се надевам и да бидам благодарна. Сепак, за да разберете зошто бев толку разочарана, треба да го разберете моето детство.

Додека растев, никогаш не бев блиска со мајка ми. Всушност, не можевме да бидеме пооддалечени, а и до денес не сме блиски. Ја немавме врската на мајка и ќерка што ја имаат повеќето. Се сеќавам дека секогаш им завидував на моите пријателки и нивите мајки.

Кога мајка ми повторно се венчаше и доби син со мојот очув, нештата помеѓу нас се променија.

Кога бев во тинејџерските години, таа толку ме зајадуваше за тежината и физичкиот изглед, што на 14 години развив нарушување во исхраната.

Бев преплашена од нејзиното вербално малтретирање. Ми кажуваше одвратни, деградирачки зборови и поголемиот дел од тинејџерските години ги поминав плашејќи се од неа. Покрај сето тоа, таа ме удираше секогаш кога беше гневна.

plachev-koga-mi-kazhaa-deka-nosam-devojche-se-nadevav-deka-kje-rodam-ushte-edno-momche-02.jpg

Се плашев да имам мое мало девојче поради мојата мајка. Поради неа, не успеав да одржам блиско пријателство со жена целиот мој живот, секогаш тежнеејќи кон машки пријатели. Мислев дека би било невозможно да имам здрава врска со ќерка.

Се сомневав во мојата способност да бидам добра мајка на некое девојче. Еден ден, се сеќавам дека бев кај мојот терапевт и ги спомнав овие чувства.

Набрзо потоа дознав дека ова разочарување во врска со полот на детето потекнува од посттрауматскиот стрес од моето детство. Тогаш нештата почнаа да ми стануваат јасни и знаев дека не сум сама.

Па, решив отворено да прозборам за тоа. Од една страна, наидов на многу поддршка. Добив толку многу пораки од жени кои се соочиле со истото, но им било премногу срам да зборуваат за тоа. Мислеле дека ќе им судат ако прозборат за нивните чувства за неродените деца. И во право се. Мојата отвореност ми донесе и многу критики.

Многу жени ми кажаа навистина одвратни нешта. Ми велеа дека треба да бидам среќна што ќе имам здраво бебе и дека сум себична.

Ги разбирам. Јасно ми е дека оние кои можеби имаат проблеми со неплодност сметаат дека мојот проблем не е ништо, но не треба да биде така. Како жени, сите ние имаме соништа, надежи и чувства, кои не треба да влијаат врз оние на другите жени. Нашите емоции можат, и треба да коегзистираат во хармонија.

Според извештаите, една од пет жени се соочува со некакво разочарување во врска со полот на детето што го носи. Ова е нешто за коешто ретко се зборува, бидејќи жените се многу исплашени да се отворат. Ова води до уште повеќе чувства на тага, осаменост и изолација, но јас сакам да му ставам крај!

plachev-koga-mi-kazhaa-deka-nosam-devojche-se-nadevav-deka-kje-rodam-ushte-edno-momche-03.jpg

Тоа што сте малку разочарани за полот на вашето дете не значи дека сте лоша личност или дека не го заслужувате бебето. Тоа значи дека сте човек.

Се сеќавам кога ѝ кажав на докторката за моите чувства и ми рече да го погледнам тоа на овој начин: конечно ќе имам можност да ја изградам врската на мајка и ќерка што никогаш сум ја немала.

Никогаш не помислив на тоа од оваа перспектива. Денес, моето мало девојче има три години и можам да тврдам дека конечно се чувствувам целосна.

plachev-koga-mi-kazhaa-deka-nosam-devojche-se-nadevav-deka-kje-rodam-ushte-edno-momche-04.jpg

Ако минувате низ ваков проблем, не сте сами. Оваа тема е табу и никој никогаш не зборува за неа. Ве молам разговарајте со некого, бидејќи долгите месеци пред да се роди детето можат да бидат многу осамени.

Разговарајте со вашиот партнер, најдобриот пријател или член од семејството. Ве молам запомнете дека кога ќе го сретнете вашето бебе, ќе немате друга опција освен да го сакате. Нема да можете ни да замислите дека сте посакувале дете од другиот пол. Се колнам!

Додека бев бремена, некој ми рече „Не го добиваш она што го сакаш. Го добиваш она што ти треба“. Моето девојче е сè што ми беше потребно, па и повеќе од тоа.

Извор

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg