„Ти си лоша мајка“ - ми рече мојот 6 годишен син

„Ти си лоша мајка! Ништо не правиш за мене“ – ми рече мојот 6 годишен син. Дали бев повредена? Малку.

ti-si-losa-majka-mi-rece-mojot-6-godisen-sin-01.jpg

Колку пати ви кажало нешто вакво или нешто слично вашето дете? И ви го скршило срцето.

Но, да ви кажам нешто, тоа и е всушност нашата умешност, да се биде мајка нели?

Затоа што тие никогаш нема да ги видат работите кои ние ги правиме „незабележано“ за нив:

Стресот кога треба да ги однесеме на доктор.

Спремањето и пакувањето за 1 час надвор.

Робувањето во кујната.

Непроспиените ноќи.

Шиењето костуми во 12 после полноќ затоа што се премислиле во последен момент.

Совршенството кон кое се стремиме. За нив.

Грижата и грижите.

Тие не го гледаат ова.

Зошто? Затоа што правиме тоа да изгледа толку лесно и едноставно.

Да, можев да го сфатам неговиот коментар навредливо и како мој неуспех. Но, сфатив дека моето ништо, сум јас, правејќи сè на светот за да биде среќен.

Искористив момент за да му споменам дека ме повреди и дека неговата среќа ми е најважна на светот. Тој ми рече: „Знам мамо. Те сакам. Извини. Мислам дека само имав потреба да ме гушнеш.“

Бев импресионирана од неговиот одговор. Одговор за кој работев навистина долго и посветено.

И во тој момент и двајцата научивме лекција. Понекогаш не им е потребна совршена мајка. Потребна им е нивната мајка. Онакви какви што сме.

Извор фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да ...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg