Кои спортови се најдобри за вашето дете според неговата возраст?


Кои спортови се најдобри за вашето дете според неговата возраст?

Физичката активност е важна и за возрасните, но и за децата од најрана возраст. Разните спортови можат да го поттикнат физичкиот и менталниот развој на вашето малечко, ќе го зајакнат неговиот организам и ќе му помогнат да се социјализира.

koi-sportovi-se-najdobri-za-vasheto-dete-spored-negovata-vozrast01.jpg

За секоја возраст, во зависност од фазата на развој, погодни се разни спортови кои можат да му бидат од голема корист на детето.

Погледнете кои спортови се добри за вашето дете според возраста, но сепак претходно консултирајте се со педијатар:

До 6 месеци – психомоторен развој

До околу 6-месечна возраст, бебињата ги развиваат нивните моторички способности. Овој период учат да ги движат екстремитетите, да држат рамнотежа и слично. Родителите, пак, треба да го стимулираат овој развој.

Јога за бебиња: За овие вежби можете да се обратите кај инструктор по јога, но можете да најдете и многу видеа онлајн, но задолжително со претходна консултација со лекар. Со едноставните вежби наменети за бебиња ќе го поттикнете психомоторниот развој на вашето дете, но и вие ќе се чувствувате подобро и релаксирано.

koi-sportovi-se-najdobri-za-vasheto-dete-spored-negovata-vozrast-02.jpg

7 месеци до 2 години – самодоверба

После 7-иот месец децата стануваат поподвижни, но можно е да бидат несигурни.

Пливање: Пливањето е одличен начин детето да стане посигурно во врска со движењето, но и да се забавува. Истовремено, пливањето може да ја зајакне врската помеѓу родителот и бебето.

koi-sportovi-se-najdobri-za-vasheto-dete-spored-negovata-vozrast-03.jpg

2 години – физички и ментален развој

На оваа возраст детето е посамостојно – веројатно веќе не носи пелени, може само да се движи и да си игра.

Танцување: Танцувањето е одлична физичка активност не само за возрасните, туку и за децата. Со танцувањето детето ќе научи да ги синхронизира неговите движења, но и ќе има слобода да биде креативно.

koi-sportovi-se-najdobri-za-vasheto-dete-spored-negovata-vozrast-04.jpg

3 години – координација и контрола на телото

До 3-годишна возраст повеќето деца се движат послободно и посигурно, па можат да се занимаваат и со посложени физички активности.

Гимнастика: Гимнастиката е одлична за флексибилноста, рамнотежата и координацијата на детето. Истовремено, кога ќе помине пандемијата и детето ќе може да оди на часови, ова ќе биде одлична можност да биде опкружено со други врсници.

Пливање: Пливањето е одлично и за децата на 3-годишна возраст. Со пливањето детето ќе ги зајакне неговите мускули и сигурно ќе се забавува.

koi-sportovi-se-najdobri-za-vasheto-dete-spored-negovata-vozrast-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Зошто децата до 1 година не треба да го поминуваат времето пред екрани? Благодарение на напредокот на технологијата, денес луѓето можат да направат мног...
Бебе научило да кажува „мама“ на 3-месечна возраст (видео) Уште едно бебенце со своите напредни вештини го воодушеви светот. Се сеќавате ли...
И на децата им треба време за себе - како мајка му помага на синот да се опушти по училиште? 8-годишното момче се соочувало со проблеми и стрес на училиште, а неговата мајка...

Најчитани неделава