Исповед на мајка на аутистично момче: „Јас сум мајката која седи сама на игралиште и размислува за наредниот докторски термин“

„Јас сум мајка која постојано бара нејзиното дете да биде прифатено, мајка која ги МРАЗИ луѓето што осудуваат. Мајка која посакува животот на нејзиното дете да не беше толку тежок. Јас сум мајка која посакува луѓето да беа фини кон сите, мајка која посакува пријателите да не исчезнеа од нејзиниот живот, мајка која посакува семејството да има повеќе разбирање за неа...“

autizmot-ne-go-definira-mojot-sin-no-toa-definitivno-go-menuva-moeto-iskustvo-kako-majka-01.jpg

Исповед на Емили Ренсон, мајка на момче со аутизам:

„Гледам како деца си трчаат на игралиштата. Си кажуваат приказни едно на друго, а нивните родители седат на страна и ги коментираат достигнувањата на нивните деца за тој ден. Потоа, си го договараат наредното кафе со пријателите.

Но, работите се поинакви во мојот свет.

Јас сум мајката која седи сама, пие кафе сама и размислува за наредниот термин за терапија.

Водам евиденција за специфичниот начин на исхрана на мојот син, за наредната проверка на крв, за што уште не.

Јас сум мајката која не се ни обидува да зборува со другите мајки затоа што знам дека нема да го разберат мојот живот.

Искрено, ним нема да им биде ниту грижа како се чувствувам.

autizmot-ne-go-definira-mojot-sin-no-toa-definitivno-go-menuva-moeto-iskustvo-kako-majka-02.jpg

Секоја мајка има мали борби на дневно ниво. Се обидува да ги натера децата да си ги собираат играчките, да бидат одговорни и листата продолжува.

Сфаќам, да се биде родител е тешко.

Но, да се биде родител на детенце со посебни потреби е уште потешко.

Јас сум мајка која постојано се обидува да сфати што предизвикува импулсивно однесување кај мојот син, се обидува да пронајдам причина за секое негово ново однесување.

Јас сум мајка која се обидува да го спречи своето дете да истрча на улица, затоа што тоа нема чувство што е опасно.

Јас сум мајка што внимава детето да не избега од неа, мајка што балансира со сите терапии и закажани докторски прегледи, мајка што не спие навечер затоа што е загрижена за иднината. Мајка што постојано мисли што ќе се случи ако ме снема. Кој ќе се грижи за него?

Јас сум мајка која секогаш се прашува дали моето дете ќе проговори некогаш повторно, дали ќе чујам „мама“ повторно?

Јас сум мајка која постојано бара нејзиното дете да биде прифатено, мајка која ги МРАЗИ луѓето што осудуваат. Мајка која посакува животот на нејзиното дете да не беше толку тежок.

Јас сум мајка која посакува луѓето да беа фини кон сите, мајка која посакува пријателите да не исчезнеа од нејзиниот живот, мајка која посакува семејството да има повеќе разбирање за неа.

Јас сум мајка која посакува да не мора да плаче секоја ноќ.

autizmot-ne-go-definira-mojot-sin-no-toa-definitivno-go-menuva-moeto-iskustvo-kako-majka-03.jpg

Обожавам да сум му мајка на моето слатко момче. Обожавам што секој ден го живее до максимум. Обожавам како не се грижи што мислат луѓето за него. Обожавам што танцува како никој да не го гледа.

Обожавам како се смее. Обожавам како ме прегрнува кога ќе ме види.

Аутизмот носи предизвици, но не го дефинира мојот син.

Тој е слатко и забавно момче кое сака музика, прегратки, колачиња, лулашки и играње надвор.

Искрено го сакам мојот син таков каков што е.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Карл Јунг за „мамините синови“ – Кога нема доволно љубов од сопругот, мајката „го уништува“ синот Ниту една мајка нема да ви признае дека одгледала „мамин син“. Во кои случаи врс...
6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да ...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg