Металург го победи Шамбери во Франција

Арената во Шамбери вообичаено е непобедлива тврдина, но силниот македонски тим на Металург успеа да ги тргне насмевките од лицата на домаќините оваа недела.

metalurg-go-pobedi-samberi-vo-francija

Со победата над Французите Металург успеа да ги освои првите бодови во Ракометната Лига на Шампиони. Во нивната група Ц нема тим кој од старт би се сметал за фаворит, но лошата игра на Французите дефинитивно придонесе кон почитта кон силниот Металург.

Никој не се осмели да каже дека Металург победил незаслужено бидејќи тие беа доминантни во текот на натпреварот со мал исклучок кон крајот на првото полувреме.

По првите 12 минути игра Металург водеше со 4 гола разлика, односно 8-4, благодарение на новодојденецот во тимот Ренато Вугринец.

Кон крајот пак на првото полувреме тимот од Скопје имаше неколку 2 минутни суспензии а Французите ја искористија оваа предност и го превземаа водството со 13-12. Металург успеа да го заврши првото полувреме со резултат во нивна корист но со само еден гол предност.

Во второто полувреме на сцена стапи голманот на Металург, Дарко Станич кој достојно им се спротивстави на нападите на Шамбери, за веќе во 51та минута од натпреварот Металург на има предност од 29-24 која беше воедно и најголема во текот на натпреварот.

Натпреварот заврши со резултат од 33-30 во корист на Металург на големо незадоволство на тренерот на Французите кој изјави дека биле свесни дека тимот на Металург е видно засилен, но и тие самите не успеале да искористат многу шанси па така го загубиле натпреварот. Тој додаде дека е разочаран бидејќи очекувал бодови од овој натпревар.

Тренерот на Металург, Червар, беше видно задоволен и изјави дека оваа победа била огромен поттик за тимот бидејќи Шамбери е еден од најдобрите тимови во Европа и е фантастично да се победи на нивен терен.

Би можело да ве интересира:

Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака Симона Заборска од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на седмата позиција на т...
Вирално видео: Девојка заврши со скршен нос откако Мбапе ја удри со топка - тој истрча да ѝ помогне,... „Му станува навика да ги крши носовите на обожавателите“ – коментираат дел од тв...
Перо Антиќ се врати во Атланта: Во клубот го пречекаа како ѕвезда, се дружеше со Богдан Богдановиќ „Перо - македонската мамба“, напишаа фановите Перо Антиќ на официјалната Инстагр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg