Анастасија Илиевска за стилот и убавината: „Еднаш месечно одам на козметичар, вежбам 5 пати неделно“

„Облека пазарам каде што нешто ми се допаѓа - во маалска, дизајнерска или second hand продавница. Многу се грижам за облеката да трае долго и да е од добар квалитет. Имам сочувана облека и накит од баба ми, мајка ми, нешто што сум носела јас пред 20 години, па и денес ги носам“, вели новинарката Анастасија Илиевска.

anastasija-ilievska-za-negata-i-ubavinata-ednash-mesechno-odam-na-kozmetichar-vezhbam-5-pati-vo-nedelata-01.jpg

Анастасија Илиевска (34) e новинар и уредник во телевизија „Алфа“.

Оваа млада дама, и мајка на две деца, секогаш е средена, дотерана и изгледа одлично, без оглед дали е тоа пред камерите или кога излегува на кафе со пријателките или на прошетка со сопругот и децата.

anastasija-ilievska-za-negata-i-ubavinata-ednash-mesechno-odam-na-kozmetichar-vezhbam-5-pati-vo-nedelata-09.jpg

Анастасија има свои тајни на убавината, мали ритуали кои ги почитува, а кои ни ги раскажа во разговорот за CRNOBELO.com:

Стил на облекување

„Облеката за мене е начин на кој се изразувам креативно. Сакам различни стилови, споени во еден.

Но нема да ме видите во тренерки или хеланки, освен кога вежбам и понекогаш можеби кога сум дома.

Или пак во некои многу шарени комбинации и бои.

anastasija-ilievska-za-negata-i-ubavinata-ednash-mesechno-odam-na-kozmetichar-vezhbam-5-pati-vo-nedelata-11.jpg

Обожавам накит. Порано ми беше важен квантитетот, да имам повеќе, да менувам и комбинирам.

Сега му давам предност на квалитетот. Имам сребрен уникатен филигрански комплет кој ми го подари мајка ми, бил нејзин кога била девојка.

Го носев за мојата матура и ми е едно од омилените парчиња кои ги поседувам. Еден ден ќе ѝ го подарам на ќерка ми.

А тука е и едно посебно ланче, кое ми го подари сопругот, и кое, исто така, многу ми значи.

Облека пазарам таму каде што нешто ми се допаѓа - може да е во маалска, дизајнерска или second hand продавница.

Важно ми е да ми се допаѓа, да е уникатно и да е нешто што би го носела во повеќе комбинации.

anastasija-ilievska-za-negata-i-ubavinata-ednash-mesechno-odam-na-kozmetichar-vezhbam-5-pati-vo-nedelata-06.jpg

Слабост ми се чевлите. Порано почесто купував високи потпетици, сега некако предност давам на чевли без штикла или патики.

Од мала знам да земам ножици во раце и да преправам облека по мој вкус, а и денес го правам истото.

anastasija-ilievska-za-negata-i-ubavinata-ednash-mesechno-odam-na-kozmetichar-vezhbam-5-pati-vo-nedelata-04.jpg

Многу се грижам за облеката, да трае долго и да е од добар квалитет.

Имам сочувана облека и накит кој бил од баба ми, од мајка ми, нешто што сум носела јас пред 20 години и ден денес е сочувано и го носам.

Сакам да сум добро облечена и сакам да гледам добро облечени луѓе.

anastasija-ilievska-za-negata-i-ubavinata-ednash-mesechno-odam-na-kozmetichar-vezhbam-5-pati-vo-nedelata-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4 најголеми грешки поради кои изгледате постаро отколку што сте Дебелите црни линии околу очите не им стојат на сите. Освен што е тешко да ...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
„Млечни нокти“ - тренд на кој нема да можете да му одолеете (фото) За оние кои често ги менуваат формата и бојата на ноктите, новиот тренд „млечни ...
14 најголеми трансформации на светските модели низ годините (фото) Ирина Шајк, Наоми Кемпбел, Кејт Мос... Колку се смени ликот на познатите манекен...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg