Козметички продукти кои се наоѓаат на „црната листа“ на дерматолозите
Кога купуваме разни креми, лосиони и шампони, ѝ веруваме на ознаката „одобрено од дерматолозите“. Но, кои производи се наоѓаат на нивната „црна листа?“
Дерматолозите советуваат да ги замените следниве козметички препарати:
Лосион за раце и тело
Наместо тоа, користете густа крема или путер. Дерматолозите велат дека повеќето лосиони имаат водеста текстура која останува само на површината од кожата, па маслата од нив не може соодветно да се впијат во кожата. Тоа понатаму создава чувство на лепливост.
Црни маски
Иако црните маски станаа вирален тренд од пред некоја година, дерматолозите тврдат дека се премногу груби и агресивни за кожата. Најдобро е лицето да го негувате со понежни маски кои не се одлепуваат откако ќе се исушат, туку се плакнат со млака вода.
Спреј со заштитен фактор
Експертите се согласуваат дека спрејот е помалку корисен од кремата. Спрејот е невозможно да го нанесете во подебел слој.
Масла без заштитен фактор
Причината е очигледна – не само што не ве штитат од сончевите зраци, туку и го поттикнуваат печењето на кожата, со што изгорениците се неизбежни.
Кокосово масло на лицето
Кокосовото масло е здраво и корисно, но не ако го нанесувате на лицето. Кожата на лицето може да стане масна, да се затнат порите и како последица да ви се појават акни и мозолчиња.
М. Д. | Црнобело