Славни дами кои јавно се пожалија за пластичните операции

Секоја естетска корекција треба добро да се промисли и третира како важна животна одлука. Неколку ѕвезди тоа го осетиле на сопствена кожа – во вистинска смисла на зборот.

slavni-dami-koi-javno-se-pozhalija-za-plastichnite-operacii-1.png

Додека едни познати жени се фалат и со „невидливи“ пластични операции, другите упорно ги кријат естетските корекции, иако хируршките интервенции се и повеќе од очигледни.

Неретко ѕвездите и претеруваат во желбата да се разубават, па постигнуваат сосема спротивен ефект од посакуваниот, или, пак, дури и го загрозуваат своето здравје.

slavni-dami-koi-javno-se-pozhalija-za-plastichnite-operacii-2.gif

Дел од нив собраа храброст да ги признаат сопствените грешки пред светот, отворено говорејќи на оваа тема. Ова се славните дами кои јавно се пожалија за пластичните операции:

Кајли Џенер (21)

Иако е мошне млада, старлетата веќе има долга историја со естетските зафати. Првин (не)вешто ги криеше, додека во минатогодишното интервју за Allure, Кајли Џенер откри дека до таа мера ги зголемила усните, што во одреден момент нејзините сестри морале да ја спуштат на земја.

Неодамна на Инстаграм и сподели дека ги отстранила сите филери, признавајќи дека навистина претерала со корекциите. Не е познато дали одново се има подложено на некаков третман, но денес секако изгледа далеку поприродно.

slavni-dami-koi-javno-se-pozhalija-za-plastichnite-operacii-3.png

Гвинет Палтроу (45)

Деновиве и актерката се залага за природен изглед, поучена од лошото искуство во минатото. Во разговорот за Harper's Bazaar од 2013 година, Гвинет Палтроу беше максимално искрена за направената грешка:

„Би ми било страв да отидам под нож, ама прашајте ме пак кога ќе имам 50 години. Сепак, никогаш повеќе нема да користам ботокс. Го направив тоа и изгледав тотално лудо. Наликував на Џоан Риверс. Никогаш повеќе!“

slavni-dami-koi-javno-se-pozhalija-za-plastichnite-operacii-4.png

Викторија Бекам (44)

Неа вештачките гради ѝ беа еден од највоочливите физички атрибути во минатото. Повеќе години подоцна, поранешната „спајсица“ одлучи јавно да проговори на оваа тема.

Откако ги извади имплантите, Викторија Бекам се огласи во разговорот за Allure од 2014 година, признавајќи дека нема повеќе силикони. Истовремено, модната дизајнерка нагласи дека не планира да направи нова операција, затоа што почнале да ѝ создаваат проблеми.

slavni-dami-koi-javno-se-pozhalija-za-plastichnite-operacii-5.png

Уште 4 славни жени, на следната страна...



Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
13 работи (во изгледот) од кои ниту една жена не треба да се срами Влакненца како „мов“ на брадата и надусниците е само една од работите за кои сов...
10 ситници во изгледот што жените ги занемаруваат и им даваат неуреден изглед Вчерашна фризура, испукани усни и торба за пазарење наместо чанта – некои ситниц...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg