4 облици веѓи што стојат добро на секое лице

За да имате совршени веѓи, потребно е да знаете која е најдобрата должина за вас, кој облик ви стои најдобро, како и која нијанса на шминка е создадена за вас.

4-oblici-na-vegji-shto-stojat-dobro-na-sekoe-lice-01.jpg

Естетиката на веѓите може да се менува со текот на годините, но она што никогаш не се менува е местото каде што веѓите почнуваат и завршуваат.

За да ја одредите најдобрата должина за вас ќе ви биде потребно само едно моливче. Држете го моливчето исправено од едната страна на носот. Местото каде што моливчето минува низ веѓата треба да го означува почетокот. Доколку веѓата почнува подалеку од моливчето, исцртајте ја со моливче за веѓи.

За да го одредите крајот на веѓата, поставете го моливчето дијагонално, од носот до надворешниот дел од окото. Местото каде што моливчето минува низ веѓата го одредува крајот.

Доколку вашите веѓи завршуваат пред крајната точка, продолжете ги со водоотпорен продукт.

Веѓи како пердув

Задржете ја дебелината на веѓите така што ќе ги отстранувате влакненцата на секои шест недели. Доколку вашите веѓи се ретки, можете да користите серуми што го поттикнуваат нивниот раст.

 4-oblici-na-vegji-shto-stojat-dobro-na-sekoe-lice-02.jpg

Машки веѓи

Овој облик е сличен на претходниот, а разликата е во тоа што веѓите се подебели и потемни. За да го постигнете овој изглед, пуштете ги веѓите да пораснат.

Во ова може да ви помогне и рицинусовото масло. Потоа продлабочете ја нивната боја и додајте им густина со гел за веѓи.

 4-oblici-na-vegji-shto-stojat-dobro-na-sekoe-lice-03.jpg

„Инстаглам“

Овој облик е малку поостар и вклучува чисти рабови околу веѓите, кои се кратат со ножици. Овој вид веѓи најдобро ги дополнува омбре ефектот – на почетокот се посветли, а на краевите потемни.

Имајте на ум дека за овој облик ќе треба да ги средувате веѓите на секои неколку дена.

 4-oblici-na-vegji-shto-stojat-dobro-na-sekoe-lice-04.jpg

Рамни веѓи

Рамните веѓи изгледаат навистина модерно, а можете да го постигнете овој облик дури иако сте родени без него. Отстранете ги краевите на веѓите, така што ќе ги израмните. Краевите не треба да го надминуваат работ на окото.

4-oblici-na-vegji-shto-stojat-dobro-na-sekoe-lice-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Трендови во шминкањето и фризурите кои се вратија од минатото (и преку ноќ станаа повторно ИН) Проѕирен маникир за нокти, темно моливче околу целото око, коса залижана наназад...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
14 најголеми трансформации на светските модели низ годините (фото) Ирина Шајк, Наоми Кемпбел, Кејт Мос... Колку се смени ликот на познатите манекен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg