Дел од најсмртоносните видови рак (и зошто е тешко да се излечат)

Ракот на панкреас е еден од најсмртоносните, најмногу бидејќи не покажува симптоми кога е во ран стадиум.

del-od-najsmrtonosnite-vidovi-rak-i-zoshto-e-teshko-da-se-izlechat-01.jpg

Бројот на заболени од рак се зголемува, а некои видови почесто се забележуваат и кај помлади луѓе.

Но, од друга страна, забележано е намалување на бројот на смртни случаи од рак, што значи медицината бележи напредок во оваа област.

Секој рак е опасен и заболените се соочуваат со тешка битка, но некои видови се посмртоносни од другите.

Дел од најсмртоносните видови рак:

Рак на панкреасот

Околу 10% од заболените со рак на панкреасот преживуваат доколку болеста е забележана навреме и добијат третман.

Останатите пациенти кои добиваат дијагноза пред туморот да порасне многу и да се прошири, во просек живеат околу три и пол години.

Ракот се јавува во ткивото на панкреасот – орган кој помага во дигестијата и лачи инсулин.

Во зависност од стадиумот на ракот, ракот може да се третира со операција, радијација или хемотерапија, а некогаш и со комбинација од овие третмани.

Причината за високата стапка на смртност е тоа што ракот обично не покажува никакви симптоми во раниот стадиум.

Покрај тоа, за разлика од други видови рак, достапните терапии не се многу ефикасни против туморите од рак на панкреас.

del-od-najsmrtonosnite-vidovi-rak-i-zoshto-e-teshko-da-se-izlechat-02_copy.JPG

Рак на црниот дроб

Ако ракот се забележи рано и пациентот добие трансплантација, шансите за преживување се помеѓу 60% и 70% во првите пет години од дијагнозата.

Ако ракот се проширил на другите органи, шансите за преживување во наредните пет години се околу 3%.

Најголемиот ризичен фактор за рак на црниот дроб е хронична инфекција со хепатит Б или хепатит Ц.

Изминативе неколку години е забележан пораст на случаи со рак на црниот дроб, делумно бидејќи е зголемен и бројот на хронични болести кои го оштетуваат органот.

Проблематичен е бидејќи се шири брзо, а лекувањето може да вклучува радијација, хемотерапија, операција…

del-od-najsmrtonosnite-vidovi-rak-i-zoshto-e-teshko-da-se-izlechat-03.JPG

Рак на хранопроводот

По дијагнозата, околу 45% од заболените живеат подолго од една година. Околу 20% од пациентите живеат и пет години по дијагнозата.

Ризикот од рак на хранопровод може да се зголеми од некои животни навики, како пушење и пиење многу алкохол.

Но, не значи дека овие навики се пресудни – некогаш ракот се јавува и кај луѓе кои немаат запалено цигара во животот. Сепак, ова е ретка форма на рак.

Шансите за успешно лекување се најголеми во раните стадиуми, но ракот тогаш речиси и да не покажува симптоми, па тоа го прави опасен.

del-od-najsmrtonosnite-vidovi-rak-i-zoshto-e-teshko-da-se-izlechat-04.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Симптоми кои ви е срам да ги споделите со лекар, но може да се знак за ректален рак Симптомите како крв во столицата некогаш може да бидат знак за рак на ректумот. ...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg