Дел од најсмртоносните видови рак (и зошто е тешко да се излечат)

Рак на белите дробови

Ракот на белите дробови убива најмногу луѓе од сите видови рак бидејќи не е многу редок.

По дијагнозата, 25% од заболените ќе живеат пет години.

Најголемиот ризичен фактор се цигарите, но и изложеност на штетни гасови.

Постојат два вида рак – кај првиот, кој се јавува кај 80% од случаите, ракот се шири побавно.

Третманот на рак на белите дробови може да вклучува операција, хемотерапија, радијација…

Проблемот кај овој вид рак е што кога ќе почне да се шири настрана од белите дробови, станува практично неизлечлив.

del-od-najsmrtonosnite-vidovi-rak-i-zoshto-e-teshko-da-se-izlechat-05.JPG

Акутна миелоидна леукемија (АМЛ)

31% од заболените од овој вид рак живеат пет години по дијагнозата.

Леукемија е збор што се користи за неколку видови рак, додека АМЛ се однесува на рак кој ги зафаќа црвените крвни зрнца и клетките од имунолошкиот систем.

Ракот е поредок кај лица помлади од 45 години, но сепак може да се јави на секоја возраст.

Не е познато зошто се појавува, но се покажало дека изложеноста на високо ниво на радијација може да биде една од причините.

Третманот може да вклучува хемотерапија и радиотерапија, но и трансплантација на коскена срж.

АМЛ е опасна форма на рак бидејќи го напаѓа имунитетот, па заболените стануваат посклони на други проблеми со здравјето.

del-od-najsmrtonosnite-vidovi-rak-i-zoshto-e-teshko-da-se-izlechat-06.JPG

Рак на мозокот

Во повеќето случаи, ракот на мозокот не почнува од мозокот, туку се проширува од друг орган.

Сепак, во статистиката за преживување не е вбројан ракот на мозокот кој почнал од друг орган.

Ако, на пример, некој почине од рак на белите дробови кој се метастазирал и во мозокот, тогаш статистички се заведува дека причина за смртта е рак на бели дробови.

Ако ракот почнува во мозокот, 33,8% од заболените живеат пет години по дијагнозата.

Ризичните фактори за рак на мозокот вклучуваат старост, но и прекумерна тежина.

Третманот зависи од видот, големината и локацијата на ракот и може да вклучува операција, радијација, хемотерапија…

Ракот на мозокот може да предизвика промени на структурата на мозокот и затоа важи за еден од поопасните.

del-od-najsmrtonosnite-vidovi-rak-i-zoshto-e-teshko-da-se-izlechat-07.JPG

Рак на желудникот

35,7% од заболените со рак на желудникот живеат пет години по дијагнозата.

Ракот на желудник е почест кај мажите, а обично се јавува кај луѓе постари од 60 години.

Како и кај другите видови рак, третманот може да вклучува радијација, хемотерапија…

Ракот на желудник обично не покажува симптоми кога е во ран стадиум, а откако ќе пробие низ желудникот и ќе почне да се шири, лекувањето станува многу потешко.

del-od-najsmrtonosnite-vidovi-rak-i-zoshto-e-teshko-da-se-izlechat-08.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Симптоми кои ви е срам да ги споделите со лекар, но може да се знак за ректален рак Симптомите како крв во столицата некогаш може да бидат знак за рак на ректумот. ...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg