Кои се симптомите на цитомегаловирус и на кој начин се пренесува?

Многу здрави луѓе не знаат дека во себе го носат овој вирус, а оние со ослабен имунолошки систем треба да бидат особено претпазливи и навремено да го третираат.

citomegalovirus-koi-se-simptomite-i-na-koj-nachin-se-prenesuva-01.jpg

Цитомегаловирусот (ЦМВ) припаѓа на групата на херпес вируси и откако личноста ќе се зарази со ЦМВ, телото го задржува доживотно.

Повеќето луѓе и не знаат дека имаат цитомегаловирус, бидејќи ретко предизвикува проблеми кај здравите луѓе. Сепак, ако сте бремени или имате ослабен имунолошки систем, ЦМВ е причина за загриженост.

Жените кои развиваат активна ЦМВ инфекција за време на бременоста, може да го пренесат вирусот на своите бебиња, кои потоа може да имаат симптоми.

За луѓето кои имаат ослабен имунолошки систем, особено оние кои имале трансплантација на орган, матични клетки или коскена срцевина, ЦМВ инфекцијата може да биде фатална.

Овој вирус се шири од човек на човек преку телесни течности, како што е крв, плунка, урина, сперма и мајчино млеко. Не постои конкретен лек, можат да се третираат симптомите.

citomegalovirus-koi-se-simptomite-i-na-koj-nachin-se-prenesuva-02.jpg

Симптоми на цитомегаловирус

Повеќето здрави луѓе кои се инфицирани со ЦМВ може да немаат никакви симптоми, а некои имаат мали.

Луѓето кои имаат поголема веројатност да искусат знаци и симптоми на ЦМВ се:

  • Новороденчиња кои се заразиле со вирусот пред да се родат.
  • Доенчиња кои се инфицираат за време на раѓањето или потоа (бебиња инфицирани преку мајчино млеко).
  • Луѓе кои имаат ослабен имунолошки систем, како они кои имале трансплантација на орган, коскена срцевина или матични клетки или оние кои се заразени со ХИВ.

citomegalovirus-koi-se-simptomite-i-na-koj-nachin-se-prenesuva-03.jpg

Симптоми на цитомегаловирус кај бебиња

Следниве знаци и симптоми се почести кај бебињата кои имаат вроден ЦМВ:

  • Предвремено породување
  • Ниска родилна тежина
  • Жолта кожа и очи (жолтица)
  • Зголемен црниот дроб и негова намалена функција
  • Виолетови дамки на кожата и/или исип
  • Пневмонија
  • Напади

citomegalovirus-koi-se-simptomite-i-na-koj-nachin-se-prenesuva-04.jpg

Луѓе кои имаат ослабен имунитет

Ако имате ослабен имунолошки систем може да добиете нова ЦМВ инфекција или да имате претходна инфекција која се реактивира кога вашето тело веќе не е во состојба лесно да се бори со неа.

Симптомите зависат од тоа кој дел од вашето тело е инфициран со вирусот и може да вклучуваат:

  • Треска
  • Замор
  • ЦМВ пневмонитис (отежнато дишење, кашлица, болки во мускулите, слабост)
  • ЦМВ ретинитис (заматен вид или губење на видот)
  • ЦМВ гастритис или колитис (болка во стомакот, крв во изметот, гадење, повраќање, дијареја)
  • ЦМВ енцефалитис (напади, главоболки, конфузија)

ЦМВ кај здрави возрасни лица

Како што веќе споменавме, повеќето луѓе кои се инфицирани со ЦМВ, а кои инаку се здрави, имаат малку или воопшто немаат симптоми.

Кога првпат се инфицирани, некои возрасни може да имаат симптоми слични на заразна мононуклеоза, вклучувајќи:

  • Замор
  • Треска
  • Болки во грлото
  • Болки во мускулите

citomegalovirus-koi-se-simptomite-i-na-koj-nachin-se-prenesuva-05_copy.jpg

Како се добива ЦМВ?

ЦМВ може да се пренесе од телесните течности на личност која е заразена, како плунка, урина, крв, мајчино млеко, сперма.

Вообичаените начини на кои ЦМВ се пренесува од човек на човек се:

  • Директен контакт со урина или плунка
  • Преку секс
  • Преку доење
  • Трансфузија на крв или трансплантација на орган

Како се дијагностицира ЦМВ?

За да се дијагностицира ЦМВ, лекарот може да побара да направите тестови на крвта, тестови на урина или тестови на плунка.

Ако сте личност со ослабен имунолошки систем и се сомневате дека имате ЦМВ, не посегнувајте кон ништо на своја рака и уште веднаш обратете му се на вашиот лекар на кој ќе му ги кажете симптомите и ќе ја добиете потребната здравствена нега/

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Д-р Анџелка Илиева: „Човек си го шеташе кучето во Градски парк Скопје - му видовме чудна бенка и му ... Еден човек во Градски парк на мене и тимот за преглед на бенки ни кажа: „На поми...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg