„Ме мачи мигрена – Не, тоа не е главоболка, буквално не сум способна ништо да правам“

Мигрените не се главоболки.

Пропуштив многу работи поради нив. Многу моменти, многу важни денови.

Кога ќе ме поканат на настан кој ќе се случува за неколку дена, си помислувам: „Се надевам дека нема да добијам мигрена тој ден“.

Нормалните звуци како испуштање на вода во тоалетот, виљушка која гребе по чинија или врата која со тресок се затвора, сите овие звуци некој што има мигрена ги доживува како земјотрес во главата. Не тоа не е „само мала болка во главата“.

me-machi-migrena-ne-toa-ne-e-glavobolka-bukvalno-ne-sum-sposobna-nishto-da-pravam-04.jpg

Мигрените не се главоболка.

Јас не можам да сокријам кога имам мигрена.

Мојата вена ќе покаже токму каде е мојата болка.

Моите очи ќе бидат влажни од светлата околу мене.

Нема да бидам ниту способна да помислам да јадам нешто.

Ќе одам наоколу, држејќи се за челото и обидувајќи се да добијам барем мало олеснување.

Или ќе лежам со облоги со мраз на главата.

Не можам само да ја игнорирам мигрената и да си продолжам со денот.

Таа е опседнувачка болка и јас живеам со неа. Се справувам со неа најдобро што можам и знам ека не сум сама.

Мигрените не се главоболки“.

Прочитајте и „Инсомнијата ми го уништи животот - ова е ужасен проблем, верувајте ми“

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Што треба, а што НЕ треба да правите ако често страдате од мигрена? Немојте да прескокнувате оброци, а ако сте склони кон мигрена, наоѓајте повеќе в...
Наш психолог за проблемите со интимниот живот: „Не ти е до се*с, едноставно не ти е до ништо - прего... „Замисли, цел ден решаваш проблеми и после очекуваш да се „опуштиш“ и да ти се п...
Шест знаци дека ги триете забите додека спиете (дури и ако не сте свесни за тоа) Ако се будите со главоболка или вкочанета вилица, голема е веројатноста дека има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg