Зошто имате ноќни тремори (и дали треба да одите на лекар)?

Ноќните тремори кои се јавуваат во текот на целата ноќ и ви го попречуваат спиењето може да бидат симптом за некој проблем со здравјето, како синдром на немирни нозе или ноќна апнеја.

zoshto-imate-nokjni-tremori-i-dali-treba-da-odite-na-lekar-01.jpg

Треморот претставува движење (како тресење или треперење) на телото или екстремитет кое е неволно.

Кај некои луѓе се јавуваат таканаречени ноќи тремори, односно грчење на мускулите за време на спиење.

Ова грчење или движење се чувствува или одеднаш на целото тело, или само на еден дел, како усните, дланките, стапалата…

Повеќето луѓе искусиле ноќен тремор во периодот кога заспиваат – како кога сонувате дека паѓате и одеднаш ќе се разбудите.

Сепак, ако треморите се случуваат во текот на целата ноќ, се влошуваат или зачестуваат и ви создаваат проблеми со спиењето, можеби треба да се консултирате со лекар.

Сами по себе, треморите не претставуваат болест, туку може да се симптом за некаков проблем.

zoshto-imate-nokjni-tremori-i-dali-treba-da-odite-na-lekar-07.JPG

Неколку болести и нарушувања за кои е познато дека предизвикуваат ноќни тремори:

Синдром на немирни нозе

Синдромот на немирни нозе е невролошко нарушување кое предизвикува силна желба или потреба за движење на нозете.

Обично оваа потреба потекнува од непријатно чувство во областа на нозете, а движењето на краток период прави чувството да исчезне.

Симптомите на синдромот се поизразени навечер и за време на мирување.

А, еден од симптомите се и тремори во текот на ноќта.

zoshto-imate-nokjni-tremori-i-dali-treba-da-odite-na-lekar-02.JPG

Периодично нарушување на движењето на екстремитетите

Ова нарушување (анг. PLMS) предизвикува повторливо движење на екстремитетите за време на спиење.

Доста често е дијагностицирано заедно со синдромот на немирни нозе.

Движењето обично е на долните екстремитети, а може да биде локализирано на палецот на стапалото, глуждот, коленото.

Постојат и случаи во кои движењето се јавува и на горните екстремитети.

zoshto-imate-nokjni-tremori-i-dali-treba-da-odite-na-lekar-03.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Знаци дека можеби имате анксиозно нарушување (дури и ако не ви изгледа така) Сте доживеале голема животна промена со која тешко се справувате или, пак, забел...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg