Проблеми со спиење, анксиозност: Како ни влијае постојаната градска врева?
Одете пеш или возете велосипед
Како што веќе спомнавме, во градовите, сообраќајот е најголемата причина за звучното загадување.
Затоа, кога можете, оставете го автомобилот дома и одете пеш или со велосипед. Помалку возила во сообраќајот ќе значи и помалку врева.
Не гледајте телевизија со многу гласен звук
По цел ден изложеност на врева, не мора и дома да ви се случува истото. Затоа, навечер кога гледате телевизија, немојте да го пуштате звукот многу гласно.
На овој начин полесно ќе се релаксирате, а и нема да им создавате врева на соседите и другите во домот.
Избегнувајте да викате или да зборувате многу гласно на јавни места
Сигурно ви се случило додека сте дома, да слушнете многу гласно зборување, па и викање од некој од надвор и ова да ве изнервира.
Кога сте на јавно место, мора да ги земете предвид и другите луѓе, па избегнувајте да зборувате многу гласно или да викате.
Избегнувајте да користите гласни уреди навечер
Навечер избегнувајте ги гласните уреди како правосмукалка или блендер.
Од една страна, силната врева ќе ви создаде стрес и вам, а од друга, ќе им пречите на соседите и другите во домот.
Заштитете ги ушите
Ак забележувате дека вревата околу вас многу ви пречи или ако треба да одите на место со многу врева, тогаш купете тампони за уши или, пак, ставете си слушалки и пуштете си тивка музика.
Кога користите слушалки, немојте да го пуштате звукот на многу силно бидејќи ова не само што ќе ви создаде стрес, туку и ќе ви го оштети слухот со текот на времето.
Спирова С. | Црнобело
