5 работи со кои го нервирате вашиот лекар (и си го загрозувате здравјето)

Го одложувате одењето на лекар и сами ја прекинувате терапијата без да се консултирате со вашиот доктор.

5-raboti-so-koi-go-nervirate-vashiot-lekar-i-si-go-zagrozuvate-zdravjeto-01.jpg

Без разлика дали страдате од некое хронично заболување или одите на лекар бидејќи сте загрижени за некој симптом, треба да имате предвид некои грешки.

Ова се работи кои ги правиме повеќето и кои не само што ги иритираат лекарите, туку и ни го загрозуваат здравјето.

Па, кои работи НЕ треба да ги правите?

Сами си ја одредувате дијагнозата и не го слушате лекарот

Факт е дека денес сите си ги проверуваме симптомите на Гугл, а и се консултираме со ChatGPT. Иако некогаш она што самите ќе го најдете на интернет можеби е вашата дијагноза, не треба да се потпирате на тоа.

Многу разни заболувања имаат исти или слични симптоми, па без соодветен преглед од лекар, самите не можете да откриете што ви е.

Сепак, задачата на лекарите е да го утврдат проблемот и да ви понудат решение. Па, слушајте го она што ви го кажуваат.

За посериозни заболувања во ред е да побарате и второ мислење, но од лекар, а не од интернет.

Го одложувате одењето на лекар

Секој од нас го прескокнал одењето на лекар за проблеми кои не се сериозни, како кашлица или настинка.

Но, ако чувствувате некаков проблем подолго време, не го одложувајте одењето на лекар. Ако чекате, можете само да го влошите проблемот и да го отежнете лекувањето.

Секогаш е подобро да се консултирате со лекар, макар и за најобична настинка, отколку да си го загрозите здравјето.

5-raboti-so-koi-go-nervirate-vashiot-lekar-i-si-go-zagrozuvate-zdravjeto-02.jpg

Не сте искрени за алкохол и цигари

Воопшто не си помагате ако го лажете лекарот за тоа дали пушите цигари или пиете алкохол.

Нормално е да чувствувате доза срам ако пиете повеќе, но лекарот не е овде да ви суди.

Тој мора да ги има сите информации за вас за да може да ви даде соодветна дијагноза, но и соодветен третман.

5-raboti-so-koi-go-nervirate-vashiot-lekar-i-si-go-zagrozuvate-zdravjeto-03.jpg

Споделувате проблем на крајот од прегледот

Кога одите на преглед, дури и само рутински, не чекајте до самиот крај за да споделите дека имате некаков проблем.

Можеби без да знаете станува збор за нешто сериозно и кога прегледот веќе завршил, докторот сигурно има и други пациенти, па нема да може веднаш да ви обрне повеќе внимание.

Проблемите секогаш се кажуваат на самиот почеток, уште откако ќе влезете во ординација.

Сами ја прекинувате терапијата

Никогаш немојте сами да ја прекинувате терапијата што ви ја препишале, без разлика дали се антибиотици, седативи или што било друго.

Доколку забележите дека симптомите ви се подобруваат, тоа не е знак да престанете со терапијата бидејќи болеста не е целосно излекувана.

Ако, пак, сметате дека лековите не се погодни за вас или чувствувате несакани ефекти, тогаш прво разговарајте со лекарот за да ви најде соодветна замена.

Притоа, некои лекови е опасно да се прекинуваат одеднаш, особено седативи.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Ситуации во кои веднаш треба да побарате лекарска помош (дури и ако симптомите изгледаат безопасно) Ако почувствувате силна и ненадејна болка во тестисите, никако немојте да ја игн...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg