Шест знаци дека ги триете забите додека спиете (дури и ако не сте свесни за тоа)

Ако се будите со главоболка или вкочанета вилица, голема е веројатноста дека имате бруксизам, односно дека навечер ги триете забите.

shest-znaci-deka-gi-triete-zabite-dodeka-spiete-duri-i-ako-ne-ste-svesni-za-toa-01.jpg

Триењето на забите за време на спиење, познато како бруксизам е не така ретка појава, иако повеќето луѓе не се ни свесни дека го имаат овој проблем.

Ако не се третира, бруксизмот може да се одрази негативно врз оралното здравје, па затоа е важно да бидете свесни за симптомите.

Шест можни знаци дека ги триете забите кога спиете:

Главоболки

Поради притисокот кој се создава на вилицата, триењето на забите може да предизвика главоболка.

Па, ако наутро чувствувате главоболка, особено на слепоочниците и околу ушите, можно е да ги триете забите.

Болка во вилицата

Истото важи и ако наутро забележувате болка или вкочанетост во вилицата.

Ова чувство може да трае неколку минути, но и неколку часови, а е најизразено веднаш штом ќе се разбудите.

shest-znaci-deka-gi-triete-zabite-dodeka-spiete-duri-i-ako-ne-ste-svesni-za-toa-02.JPG

Болка во забите

Ако ве боли заб, најчесто причината е кариес.

Но, ако немате расипани заби, а сепак чувствувате болка, и тоа во повеќе заби, можно е да се соочувате со бруксизам.

Оштетени заби

Доколку забележувате дека некои заби ви изгледаат оштетено, па и истругано, веројатно причината е бруксизам.

Исто така, ако забите ви се кршат често, и тоа може да биде знак дека ги триете навечер.

shest-znaci-deka-gi-triete-zabite-dodeka-spiete-duri-i-ako-ne-ste-svesni-za-toa-03.jpg

Чувствителност на топло и ладно

Бидејќи бруксизмот може да го оштети заштитниот слој на забите, тие може да станат и почувствителни на топло и ладно.

Ако немате расипани заби, а сепак забележувате дека се почувствителни, консултирајте се со заболекар.

Замор во текот на денот

Иако можеби вие не забележувате, поради бруксизмот можно е да се будите почесто во текот на ноќта.

Ова, секако, ќе направи да се чувствувате уморно во текот а денот, дури и ако сте си легнале рано.

shest-znaci-deka-gi-triete-zabite-dodeka-spiete-duri-i-ako-ne-ste-svesni-za-toa-04.JPG

Што да правите ако забележувате симптоми?

Ако забележувате и само еден од наведените симптоми, секогаш е препорачливо да се консултирате со вашиот стоматолог.

Доколку тој утврди дека ги триете забите, може да ви препорача штитник за заби кој се носи навечер.

Исто така, препорачливо е да го регулирате стресот, па и да се консултирате со експерт ако имате проблеми со менталното здравје, бидејќи доста често тие се причина за бруксизам.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Што треба, а што НЕ треба да правите ако често страдате од мигрена? Немојте да прескокнувате оброци, а ако сте склони кон мигрена, наоѓајте повеќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg