Шест навики со кои несвесно си ја влошувате анксиозноста
Постојано размислувате за најлошото можно сценарио и неопходно ви е туѓо признание.

Анксиозноста е мошне честа појава која некогаш преминува и во анксиозно нарушување.
Доколку сметате дека имате анксиозно нарушување и самата анксиозност ви го попречува нормалното функционирање, важно е да побарате помош.
Ова е состојба од која можете да се излечите, но само ако самите го направите првиот чекор.
Од друга страна, чувствата на анксиозност може да се јават дури и ако немате нарушување.
Во овие мигови, пак, важно е да знаете како да ги контролирате мислите и емоциите за да не си ја влошите состојбата.
Шест навики со кои несвесно си ја влошувате анксиозноста:
„Црно-бело“ размислување
Таканареченото „црно-бело“ размислување е честа појава кај лицата со анксиозност, а проблемот е што дополнително ја влошува состојбата.
Кога размислувате на овој начин, се убедувате дека или нешто ќе биде совршено, или ќе биде катастрофа.
Односно, не си дозволувате да видите дека во реалноста постои и „сива“ област – работите не можат да бидат толку катастрофални.
Ваквиот начин на размислување ви ја прави секоја интеракција стресна и ви создава дополнителна анксиозност.
Избегнување проблеми
Една од работите што најмногу ја влошуваат анксиозноста е избегнувањето на проблемите.
Кога имате анксиозност, сигурно максимално избегнувате места, луѓе и ситуации кои ви ги предизвикуваат овие чувства, со надеж дека ќе се заштитите.
На пример, избегнувате да проверите колку пари имате на сметка бидејќи се плашите дека се премалку. Па, постојано сте под стрес од помислата.
Во овој пример, тоа што избегнувате да ја проверите сметката нема да ја промени нејзината состојба, туку само вам ви создава анксиозност.
Терапевтите советуваат дека секогаш е подобро да се соочите со проблемот бидејќи доста често е многу помал отколку што си замислувате.

Постојано барате уверување од другите
Ако постојано барате признание или уверување од другите, дури и за ситници, само ќе си ја влошите анксиозноста.
Краткорочно можеби ќе се чувствувате убаво кога некој ќе ви рече дека сте завршиле добра работа. Но, кога постојано го правите ова, како да станувате зависни од туѓото признание, па сте парализирани ако нема некој што ќе ви аплаудира.
Истовремено, ова прави уште повеќе да се плашите од можните грешки, па и да избегнувате да правите работи.
Постојано очекувате некаква катастрофата
Анксиозноста има моќ да ве убеди да мислите дека секоја ситуација ќе го има најлошиот исход. И, токму ова ја први проблематична.
Вие само го влошувате проблемот кога ќе почнете да си го замислувате најлошото можно сценарио.
Со ова ви се намалува и самодовербата и веќе престанувате да верувате во вашите способности.
Зборувате негативно за себе
Се навредувате, се презирате, самите се критикувате во себе и пред другите – сето ова се работи што само ви ја влошуваат анксиозноста.
Проблемот е што многу луѓе не се ни свесни дека се премногу критички настроени кон себе.
Па, следен пат кога ќе забележите дека користите лоши зборови кон себе, дајте го најдоброто да го промените тоа.
Постојано им удоволувате на другите
Плашејќи се да не ги разочарате другите, а со тоа и да не го добиете нивното признание, анксиозноста може да ве натера да им удоволувате на сите.
И како и останатите работи на листата, ова само ќе ви го влоши проблемот.
Мора да ги земете предвид и вашите потреби и да престанете да ги исполнувате желбите на сите.
Спирова С. | Црнобело
