Што имаат заедничко среќните луѓе?

srekni_small.jpgНаучени сме дека не постои формула која можеме да ја примениме за да бидеме среќни. Меѓутоа новите научни истражувања се обидуваат да не уверат во тоа дека формула на среќа сепак постои...

Од кога постои човештвото, се размислува за феноменот среќа и постојат многу теории и филозофски идеи. Во употреба се разни фрази како „прави го тоа што сакаш“, „биди задоволен со себе си“ и сл. Сепак до скоро не се правени сериони истражувања на оваа тема. Во поново време стручњаците се трудат со научна работа да ја опфатат и оваа област на човековата егзистенција. Во една студија, се обиделе да одговорат на прашањето: Што имаат заедничко среќните луѓе?

Среќните луѓе го бараат и го пронаоѓаат „златниот“ дел во себе си.

Замислете си слика на среќа. Што гледате? Најверојатно смирена личност на цветна ливада која ужива во моментот или srekni.jpgнешто слично. Тој пасивен вид на среќа, хедонистичка или ориентирана на уживање, дефинитивно е дел на севкупната среќа.

Постои и поинаков, активен вид среќа, која е поважна - како што велат стручњаците. Се остварува кога човек се стреми кон личните способности и кон развивање на специфичните таленти и потенцијали. Аристотел го сметал овој стремеж како најважен во животот, а неговите сонародници верувале дека секое дете има некој специфичен потенцијал кој со текот на времето треба да го развие.

Овој активен вид на среќа може многу повеќе да ја задоволи личноста отколку пасивната хедонистичка среќа. Да се имаат позитивни мисли здружени со емоции и на тој начин да се постигнуваат целите - тоа е нешто што човек го прави многу среќен.

Среќните луѓе го креираат својот живот така да им донесе задоволство

Можеби ова звучи како фраза, но повеќето луѓе не резмислуваат доволно за начинот на својот живот и за тоа како го поминуваат своето време. Во рамките на едно истражување на Универзитетот во Сан Диего од испитаниците е побарано да запишат што се работат во текот на денот. Кога тоа го направиле, било очигледно дека многу работи кои ги прават не им донесуваат среќа. Таа негативна состојба може да се измени и својот живот можете да го организирате и „дизајнирате“ така да ви донесе среќа.

Првиот чекор – согледување на реалната состојба, а вториот – превземање на акција.

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои ви е срам да ги споделите со лекар, но може да се знак за ректален рак Симптомите како крв во столицата некогаш може да бидат знак за рак на ректумот. ...
8 промени кои можат да бидат ран знак за Паркинсонова болест (и не треба да ги игнорирате) Отежнат говор, промени во ракописот, но и промени во изразите на лицето – што др...
Помалку познати симптоми на рак на дојка што е добро да ги знаете Ако забележувате исцедок од брадавиците, а не доите и не сте бремени, тогаш конс...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...
Луѓе кои имале рак споделуваат кои симптоми посакуваат да не ги игнорирале „Ненадејно слабеење. Прво ми годеше, но набрзо сфатив дека е предупредувачки зна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg