Необични работи кои се случуваат на телото во текот на бременоста

Додека во утробата на мајките расте ново битие, организмот им поминува низ неверојатни промени, кои ги подготвуваат за пристигнувањето на свет на детето.

5-neobichni-raboti-koi-se-sluchuvaat-na-teloto-vo-tekot-na-bremenosta-1.png

Факт е дека сите трудници имаат различни искуства кога се во блажена состојба. Сепак, постојат одредени фасцинатни нешта кои женското тело е во можност да ги направи. А, ова се петте необични работи кои се случуваат во текот на бременоста:

1. Трудницата навистина блеска.

Доколку луѓето ви кажуваат, или, пак, вам самите ви се чини дека блескате, тоа не е само поради прекрасното чувство што наскоро ќе станете мајка. Постои и физиолошка основа за таквиот сјај.

За време на бременоста, волуменот на крв во телото се покачува за неверојатни 50 проценти. Соодветно на тоа, се зголемува и количината на крв што ја пумпа срцето. Заради поголемата циркулација, мноштво жени изгледаат посјајно.

Како што телото произведува повеќе хормони, лојните жлезди поинтензивно работат, а резултатот е прочуениот блесок во бременоста.

5-neobichni-raboti-koi-se-sluchuvaat-na-teloto-vo-tekot-na-bremenosta-2.jpg

2. Се развива цел нов орган.

За време на бременоста, во женското тело се развива сосема нов привремен орган - плацентата. Нејзината улога е исклучително важна, бидејќи има цела низа специфични функции, појаснуваат гинеколозите.

Плацентата го сврзува фетусот во развој за ѕидот на матката, за да се овозможи навлегување на хранливите материи, исфрлање на отпадниот материјал и размена на гасови преку мајчиниот крвоток. 

Телото на жената ја исфрла постелката последна, обично непосредно по породувањето и најдоцна по половина час откако ќе излезе бебето. 

5-neobichni-raboti-koi-se-sluchuvaat-na-teloto-vo-tekot-na-bremenosta-3.jpg

3. Бремените жени дишат поразлично.

Не е чудно што трудниците се жалат на краток здив и брз замор. Особено во последните месеци од бременоста, кога матката расте, па почнува да врши притисок на дијафрагмата и белите дробови.

Дишењето се менува и поради високите нивоа на хормонот прогестерон. Тој го забрзува дишењето и му сигнализира на телото да ги намали нивоата на јаглерод диоксид во крвта.

5-neobichni-raboti-koi-se-sluchuvaat-na-teloto-vo-tekot-na-bremenosta-4.jpg

4. Косата не опаѓа.

После породувањето, вообичаено доаѓа до зголемено опаѓање на  косата. За време на бременоста, пак, се случува сосема спротивното. Косата е погуста и побујна.

Сите влакна раснат поинтензивно од две причини. Поради високите нивоа на hCG – хормонот, тироидната жлезда засилено работи, а таа го одредува нивниот раст по телото.

Прогестеронот, пак, што го има во големи количини, го синхронизира растот на влакната и делува тие побрзо да раснат. Како што се зголемува нивото на прогестерон, губитокот на коса е помал.

5-neobichni-raboti-koi-se-sluchuvaat-na-teloto-vo-tekot-na-bremenosta-5.jpg

5. Oргазмите се поинтензивни.

Зголемениот проток на крв во гениталиите и повисоките нивоа на хормоните кои влијаат врз сексуалната желба, претставуваат комбинацијата што го стимулира либидото кај бремените жени.

Поинтензивно се лачи и окситоцинот, односно хормонот на љубовта, којшто исто така може да го интензивира оргазмот.

Меѓутоа, ова не правило. Има и трудници што воопшто немаат желба за секс во текот на бременоста.

5-neobichni-raboti-koi-se-sluchuvaat-na-teloto-vo-tekot-na-bremenosta-6.jpg

М. А. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg