8 чудни причини зошто лесно ви се појавуваат модринки

На сите ни се случило да се удриме од нешто и да ни се направи модринка. Но, што всушност претставуваат модринките?

8-chudni-prichini-za-pojava-na-modrinki-01.jpg

Модринките се рефлексија на мала повреда на крвните садови под површината на кожата. Доколку садовите се оштетени, од нив може да претече малку крв што ѝ ја менува бојата на кожата.

Но, што доколку постојано ви се прават модринки на рацете, нозете и другите делови од телото, дури и од најмалите удари? Можеби пак ви се појавуваат модринки без воопшто да знаете од што.

Експертите сметаат дека за оваа појава можат да бидат виновни неколку нешта:

1. Некои видови додатоци за исхрана

Одредени додатоци во исхраната можат да бидат причина за појава на необјасниви модринки. Додатоците како ѓумбир, женшен, омега 3 масни киселини и витамин Е имаат потенцијално влијание врз крвните тромбоцити.

Па, пред да земате какви било додатоци, секогаш консултирајте се со вашиот лекар.

2. Вашиот пол

Иако можеби не е фер, модринките се појавуваат почесто кај жените. Мажите имаат подебела кожа, како и повеќе колаген, што нуди подобра заштита на крвните садови.

Голема улога може да има и естрогенот бидејќи овој хормон може да го спречи обновувањето на ѕидовите на крвните садови. Исто така естрогенот е и како вазодилататор, односно, ги отвора крвните садови.

Ова значи дека ако дојде до повреда, може да претече повеќе крв додека да се згрутчи.

8-chudni-prichini-za-pojava-na-modrinki-02.jpg

Стареење

Необјаснивите модринки стануваат почеста појава кај луѓето постари од 60 години. Како што стареете, модринките почнуваат да се појавуваат и од најмалите удари.

Причината е што со текот на годините, кожата станува потенка, а крвните садови понежни. Истовремено се губат мастите и колагенот кои претходно ги штителе крвните садови.

Лекарства што ја разредуваат крвта

Доколку земате лекарства што ја разредуваат крвта, како оние за аритмија или против згрутчување на крвта, тоа може да ја објасни појавата на модринки.

Но, постојат и други лекови со вакви страни дејства, како на пример аспиринот. Овие лекови ја намалуваат способноста за згрутчување на крвта, па крварењето трае подолго од вообичаено.

8-chudni-prichini-za-pojava-na-modrinki-03.jpg

Нарушување на крвта

Хемофилијата и Вон-Вилебрандовата болест се нарушувања што предизвикуваат појава на модринки. Хемофилијата е ретка болест која има влијание на згрутчувањето на крвта, а заболената личност може да искрвари многу дури и од најмала повреда.

Вон-Вилебрандовата болест е поблаго нарушување и е карактеризирано со крварење на непцето, обилни менструации, течење крв од носот и крв во урината или столицата.

Несакан ефект од антидепресиви

Некои антидепресиви имаат влијание и на другите делови од телото, не само врз мозокот и можат да предизвикаат почеста појава на модринки.

8-chudni-prichini-za-pojava-na-modrinki-04.jpg

Кортикостероиди

И кортикостероидите можат да предизвикаат појава на модринки бидејќи ја прават кожата потенка. Најчесто овие лекови се користат за намалување на отоци, црвенило, чешање и други алергиски симптоми.

Најчесто, кортикостероидите за надворешна употреба се користат за нарушувања како егзема и псоријаза, додека оралните се користат за астма, алергии и други воспаленија.

Недостаток од витамини

Недостатокот од витамини Ц и К може да предизвика појава на модринки. Но, доколку се храните здраво и разновидно, не би требало да го имате овој проблем. Овој недостаток најчесто се појавува кај луѓето кои се борат со глад.

Витаминот Ц е важен во заздравувањето на раните и производството на колаген. Без него, крвните садови се изложени на поголем ризик.

Недостатокот од железо е почеста појава и исто така може да предизвика појава на модринки. Причината е што на телото му е потребно железо за да произведе хемоглобин, кој пак помага во разнесувањето на кислородот низ телото.

Други симптоми за недостаток од железо се суви и испукани усни, чудна желба за храна и кршливи нокти.

8-chudni-prichini-za-pojava-na-modrinki-05.jpg

Како брзо да се ослободите од модринките?

Лошите вести се што на модринката ѝ се потребни до 2 недели за да исчезне, а не можете да направите многу за да го забрзате овој процес.

Како што телото ја апсорбира изгубената крв од модринките, таа минува низ неколку фази. По само неколку денови, темната боја и отоците се намалуваат, а модринката може да стане зелена или жолта. Пред целосно да заздрави, модринката може да добие светло кафеава боја.

Можете да го забрзате заздравувањето веднаш откако сте се удриле. Сè што ви е потребно е мраз, или кеса замрзната храна, којашто треба да ја држите на модринката 10-тина минути, неколку пати на ден. Ова ќе ги намали крвните садови, со тоа намалувајќи го проширувањето на модринката.

Доколку модринката трае подолго и е многу болна, најдобро е да го посетите вашиот лекар.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
Дали ноќното потење е знак за сериозен проблем и кога треба да одите на лекар? Ноќното потење може да биде предизвикано од разни фактори, како менопауза или пи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg