Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме да живееме заедно“

„Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од запросувањето во Рим. Таа е заљубена во градот и ми кажуваше дека патувањето таму ѝ било желба од мала која немало кој да ѝ ја исполни. Затоа мислам дека вечно ќе го памти моментот“ - Миро Кацаров за CRNOBELO.com ја раскажа својата бајковита љубовна приказна.

miro-kacarov-za-ljubovta-so-sakanata-ivana-ni-se-sluchi-ljubov-na-prv-pogled-po-nekolku-meseci-vekje-pochnavme-da-zhiveeme-zaedno-01_copy.jpg

Популарниот водител Миро Кацаров (37), откако на 17.06 ѝ подготви романтично изненадување на саканата Ивана и ја запроси во познат ресторан во Рим, веќе подготвува свадба.

Вели, дека тоа ќе биде посебен ден за двајцата, со многу гости, луѓе од сите сфери на јавниот живот, а ќе се случува во неговиот роден град Штип, во септември 2023.

Нивната љубовна приказна е како од бајките. Се запознале во ноќен клуб во Скопје и „кликнале на прва“.

По само неколку месеци почнале да живеат заедно, а Ивана, која зад себе веќе има еден брак, знаела да му каже на Миро дека чувствува тахикардии кога не е покрај него.

162087405_221672899656451_8990147417010945226_n.jpg

За нивната љубов, која наскоро ќе ја крунисаат со брак, Миро раскажува за CRNOBELO.com.

Како се запознавте со Ивана?

Се запознавме многу случајно. Еден наш заеднички пријател ми ја покажа во „Интермецо“, додека бевме излезени и ми вика: 'Брат да ти покажам една убава девојка за тебе'.

Ја заследив на Инстаграм, па и таа мене, и чекавме кој прв ќе пише. Прво си стававме срциња на Инстаграм Стори, па јас ѝ пишав прв, како маж.

Се запознавме исто така во „Интермецо“, мислам дека беше на концерт на Наташа Беквалац.

Ивана сега вели дека кликнавме на прва и дека веднаш знаевме дека ќе бидеме дечко и девојка.

miro-kacarov-za-ljubovta-so-sakanata-ivana-ni-se-sluchi-ljubov-na-prv-pogled-po-nekolku-meseci-vekje-pochnavme-da-zhiveeme-zaedno-03.jpg

Почнавте врска веднаш или некое време се дружевте?

Почнавме веднаш да се дружиме, бидејќи, како што кажав, кликнавме.

Јас во животот, некако со работава, со јавната професија, со шоубизнисот и со тоа што сум 20 години на телевизија, имав огромен број девојки, а некако, цело време ја чекав и ја барав вистинската.

Поминав доста и знаев дека еден ден ќе дојде таква жена каква што сакам – убава, висока, паметна, спортски тип.

Почнавме да излегуваме и по неколку месеци, на моја покана, таа дојде да живее кај мене.

miro-kacarov-za-ljubovta-so-sakanata-ivana-ni-se-sluchi-ljubov-na-prv-pogled-po-nekolku-meseci-vekje-pochnavme-da-zhiveeme-zaedno-02.jpg

Што ја прави поразлична од твоите поранешни девојки, т.е што е она кај неа што те привлече, па посака да ти е сопруга?

Ивана има пред сè чиста душа. Таа е жена – дама. Тоа многу ми се допаѓа кај неа. Таа ќе излезе надвор како дама, а дома е вистинска домаќинка.

Ме освои со нејзината скромност, иако на прв поглед не ми изгледаше така.

Има чисто срце, не знае да те навреди. Знае да биде импулсивна во одредени моменти, но да те навреди, да ти згреши, да те повреди, не - а тоа ја прави поразлична.

Различна е и по тоа што на почетокот ми направи нормален муабет, а јас цел живот сакав да имам нормална девојка, односно жена.

miro-kacarov-za-ljubovta-so-sakanata-ivana-ni-se-sluchi-ljubov-na-prv-pogled-po-nekolku-meseci-vekje-pochnavme-da-zhiveeme-zaedno-04.jpg

Спомна дека таа живее кај тебе – како се навикнавте еден на друг?

Ивана знаеше да ми каже: „Имам тахикардија кога не сум со тебе“.

Знаеш, тоа беше љубов на прв поглед. Иако луѓето не веруваат во тоа, нас ни се случи.

Ивана има 35 години и еден брак зад себе и знае што сака и со кој може да биде.

Изгледа сме двајцата родени еден за друг.

330636929_196912879597131_6897381027052379492_n.jpg

Ти беше ли чудно на почетокот да сте постојано заедно? Те смени ли таа барем малку?

Таа ме смени многу. Јас бев во некоја фаза од животот кога излегував многу, многу менував девојки, одев на ’афтери‘, се прибирав доцна, со главоболки, алкохол, со пороци.

Ивана успеа да ме врати на вистинскиот пат каде што припаѓам. Живеев како да сум некоја рок-ѕвезда, живеев малку несвојствено, многу динамично, ме закочи, ме насочи, а јас го сакав тоа.

Затоа сум ѝ благодарен, тоа може само жена да го направи.

273961946_1085523378908625_9093427938927579221_n.jpg

Знаеше ли кој си пред да се запознаете и како реагира на твојата работа?

Таа и денес реагира чудно на мојата работа. Знае многупати да биде посесивна и љубоморна, но не ѝ пречи бидејќи е алфа-жена.

Ѝ сметаат некои работи што се случуваат во шоубизнисот, но кога имаш за сопруг еден ТВ лик или јавна личност, кога знаеш дека сешто може да му стигне во порака, кога знаеш дека го препознаваат, дека намерно може да ти наштетат некои девојки ако сакаат, не е лесно.

Но, интересно ѝ е и мислам дека ја сака мојата работа до некаде, а и убаво ги прима комплиментите кога ме препознаваат на улица.

И како што велат, зад секој успешен маж стои успешна жена.

Продолжува на слената страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg