Услови за користење на порталот CRNOBELO.com

Со самата посета на овој портал, вие без никакви ограничувања, се согласувате со условите на користење, со тоа што на уредниците на CRNOBELO.com им отстапувате целосни права да ги менуваат условите.

Ве молиме навремено да се запознаете со овие правила и услови, за да се избегнат сите евентуални недоразбирања во понатамошното користење на порталот. Со читање на правилата и условите, ќе сметаме дека сте во целост запознаени со нив и ги прифаќате. Доколку не се согласувате со правилата и условите, ве молиме да не го користите порталот.

За сите дополнителни прашања и приговори поврзани со правилата и условите, контактирајте ја редакцијата на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

1. Содржина

- CRNOBELO.com е забавен портал кој не превзема содржини од други македонски сајтови, но користи содржини од странски сајтови во рамки на условите за Праведна употреба.

- Сите објавени вести се од забавен карактер и не мора да значи дека се 100% точни.

- Со користење на овој сајт, вие можеби ќе пронајдете навредливa или непристоjна содржина или содржина која не е точна. Со самото користење на овој портал вие ги сносите сите последици и се согласувате CRNOBELO.com да не го држите одговорен под било какви услови.

Рекламни содржини:

На порталот се објавуваат и рекламни содржини. CRNOBELO.com ќе се обиде во најголема мера да не дозволи огласување забрането со закон, огласување кое го повредува човечкото достоинство, огласување кое може да предизвика душевна или друг вид на штета, неетичко огласување, како и огласување кое може да ги доведе во заблуда корисниците на порталот. Објавувањето на рекламните содржини се темели на договорни односи помеѓу издавачот и неговите партнери.

2. Објавување на наши текстови

Доколку сте сопственик на сајт кој служи за комерцијални цели или пак сте дел од медиум или некој друг проект и сакате да објавите текст претходно објавен на CRNOBELO.com треба да ги почитувате следниве услови:

- Не е дозволено објавување на целосен текст во медиум, проект или сајт кој служи за комерцијални цели без претходна дозвола од главниот уредник. Во случаи на референца, дозволено е објавување на 20% од текстот при што задолжително мора да се истакне изворот, доколку вашиот медиум е во електронска форма потребно е да обезбедите линк до материјалот на CRNOBELO.com.

- Материјалите и содржините објавени на порталот, со исклучок на рекламните и преземените содржини, се во интелектуална сопственост на издавачот и смеете да ги користите само за лични, некомерцијални потреби. Со користење на порталот поднесувате сопствена одговорност за почитување на авторските и сродните права кои се однесуваат на овие содржини.

Не е дозволено:

Копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

3. Ограничување на одговорност

CRNOBELO.com се оградува од одговорност за:

  • било каква штета која корисниците ќе ја предизвикаат или претрпат при користењето на порталот, а е резултат на злоупотреба, уништување или оштетување на содржините или функционалноста на порталот;
  • било каква штета настаната од рекламните содржини објавени на порталот;
  • било каква штета настаната со употреба на производите или услугите објавени во рекламните содржини;
  • вистинитоста и точноста на податоците објавени во рекламните содржини, како и достапноста на рекламираните производи и услуги;
  • било каква штета настаната со користење на веб-страниците достапни преку линкови објавени на порталот.
  • вистинитоста и точноста на податоците објавени во содржините преземени од други веб-страници;
  • било каква штета настаната од содржините преземени од други веб-страници.


4. Коментари на статии

Коментарите на содржините на порталот, објавени од корисниците, не ги претставуваат ставовите, мислењата и препораките на редакцијата, ниту редакцијата се согласува или ги поддржува на било кој начин.

CRNOBELO.com ги охрабрува читателите да ги споделат своите мислења поврзани со објавените статии. Коментарите се објавуваат и модерираат според правилата наведни подолу.

CRNOBELO.com го задржува правото за модерирање и/или бришење на коментари кои:

  • содржат непристојни изрази
  • содржат навреди
  • не се соодветни
  • содржат закани или клевети
  • содржат говор на омраза насочени кон раса, боја, сексуална ориентација, национална или етничка припадност, возраст, религија
  • промовираат услуги или производи (забелешка: некомерцијални линкови релевантни со содржината се прифатливи.)

CRNOBELO.com го задржува правото да врши промена на овие услови пред претходна најава.

Ве молиме да ги почитувате правилата и условите за користење на CRNOBELO.com.

Најнови игри