|
Хороскоп
|
|
Бик 21.04-20.05
|
|
14 до 20 мај 2012
Љубов: Ако сè уште барате сродна душа, обрнете внимание на луѓето со кои што работите. Некој ќе ви се допадне или пак вие ќе се допаднете некому. Ако сте во врска, пред вас се складни денови во кои нема да има ниту премногу ниту премалку љубов.
Работа: Сите ваши деловни активности ќе бидат обоени со оптимизам кој ќе биде заразен за околината. Затоа многу колеги ќе ве посакаат за соработник, а на вас останува да ја оправдате укажаната доверба. Долгорочните работи одлично напредуваат.
Здравје и совет: Повеќе не се плашите од ништо, па ги охрабрувате и другите.
|
|
Бик 21.04-20.05
|
|
Мај 2012
Љубов: Во текот на целиот месец ќе бидете позитивни и ќе зрачите со оптимизам, што ќе ги привлекува другите кон вас. Во такви околности оние што се сè уште сами имаат големи шанси да најдат личност што им одговара. Исто така постои можност да ја најдат преку работа, но и во други прилики. Оние во врска ќе уживаат во животот и во сето она што го сакаат.
Работа: Во текот на овој месец ќе се случи конјукција на Сонцето и Јупитер во вашиот знак што се случува еднаш во 12 години. Ова означува големи можности, нешто за што долго сте сонувале, нешто кон што сте се стремеле. Можно е работите да се одвиваат без проблем и по неочекувано добри околности. Пред вас е чест, достигнување и исполнување.
Здравје и совет: Многумина ќе бидат навистина среќни.
|
|
Бик 21.04-20.05
|
|
2012
Љубов: Поради Јупитер во својот знак сите ваши перипетии и кризи ќе бидат ублажени во првата половина на годината. Што и да ви се случува ќе знаете да го свртите на позитивно и ќе гледате само добро во тоа. Особено среќни периоди ќе ви бидат од 6 март до 4 април кога Венера е во Бик, а одлично е и од 4 октомври до 29 октомври. По 06 октомври Сатурн влегува во знакот на Скорпија па ќе почнат некои искушенија во кои ќе мора да покажете сериозност, одговорност и зрелост. Ако постои нешто што до сега се влечело и сте избегнувале да решавате на тема на односите, од есен тоа ќе ви дојде на дневен ред и ќе мора со тоа да се соочите сè додека работите не дојдат на свое место. Овој Сатурнов транзит ќе потрае околу две и пол години.
Работа: Сите работи во кои е потребно ваше влијание ќе ви одат од рака. Овој пат навистина ќе можете да се ослоните на сопствените способности и можности. Искористете ја првата половина од годината да направите што повеќе бидејќи на повидок е долгорочна стабилизација на дејноста, особено на таа што сакате да ја работите, или ви прави задоволство. Летните месеци ќе ви донесат исклучително добри финансиски резултати и малку луксуз во деловните збиднувања. Она што ќе го стекнете паметно и вложете го. Во продолжение на годината ќе ги стабилизирате стекнатите позиции, а најголем предизвик ќе ви бидат преговарањата и договарањата кои од октомври ќе бидат посложени. Ќе имате можност да тренирате тактизирање, дипломатија, трпение и толеранција.
Здравје и совет: Земјениот лотос ќе ве чува од најситните проблеми. Ќе бидете урамнотежени, стабилни и со доволно енергија и сила. Ако сте имале некои болести и алергии, тие треба да исчезнат. Вториот дел од годината исто така носи едно подобрување, бидејќи од октомври Сатурн конечно ќе се тргне од вашето природно шесто поле на здравјето, па и најмалите проблеми на кои веќе сте се навикнале ќе попуштат. Единствено тогаш ќе морате да поработите на личните односи, а во тој контекст ќе се јават повремени меланхолии. Тогаш побарајте хумористични содржини.
|
|
Бик 21.04-20.05
|
|
15 до 31 мај 2012
Биковите ќе влезат во поповолен емотивен период благодарение на ѕвездената поставеност. Тоа на слободните припадници од знакот ќе им донесе шанса за нови познанства, па некои би можеле да се заљубат, или да започнат нова љубовна врска. Биковите во врска ќе чувствуваат поголема блискост со партнерот.
|
|
|
|
|
|
|
Онака
" Сите сме на дното, но некои од нас гледаат во ѕвездите. "
Оскар Вајлд (1854-1900)
|
|