|
Хороскоп
|
vaga
|
Вага 23.09-22.10
|
|
14 до 20 мај 2012
Љубов: Седмицата ќе биде променлива за љубов. Од една страна ќе имате разбирање и потреба да делите, но од друга страна ќе ве изненадуваат повремените лудории на саканата личност кои понекогаш ќе се граничат со здравиот разум. Ќе мора да балансирате.
Работа: И овде ќе треба добро да размислите. Важно е цело време да бидете будни за да можете да препознаете кога е време за реакција, а кога за мирување. Со таков пристап би можеле да кормиларите многу добро и успешно да го дочекате крајот на седмицата.
Здравје и совет: Побарајте хумористични содржини.
|
|
Вага 23.09-22.10
|
|
Мај 2012
Љубов: Чувството и грижата за другите ќе ги надвладее вашите повремени внатрешни искушенија. Ќе имате многу прашања, анализите се тука, дури и преиспитувањата, но сето тоа ќе го надминете со љубов. Оние во врска ќе го обноват својот сексуален живот на речиси раскошен начин. Оние што бараат сродна душа ќе бидат подготвени на компромис и договори, па сè е можно. Паметни сте.
Работа: Вагите што работат во таканаречените опасни професии (хирурзи, криминалисти, полиција, работи со посебни услови и слично) ќе бидат во голема добивка. Во секој случај, нема да ви биде здодевно. Спонзорите ќе ви излезат во пресрет.
Здравје и совет: Многумина ќе ја победат болеста. Се обновувате.
|
|
Вага 23.09-22.10
|
|
2012
Љубов: Опозицијата на Уран во Овен повремено ќе ве доведува во искушенија за револуција во односите или пак така ќе се однесува партнерот. Ова е долгорочен транзит од повеќе години, па ако веќе сте научиле да се носите со тоа, ќе бидете навикнати на неговите повремени манифестации и во текот на целата година. Останатите планети ќе го подржуваат вашиот развој, па како личност ќе напредувате, а потоа јасно ќе ги дефинирате своите односи. Поволни денови за љубов се оние помеѓу 1 и 15 јануари, потоа од 4 април до 8 август, а круна на вашите љубовни достигнувања ќе биде периодот од 29 октомври до 23 ноември кога Венера, вашата планета, ќе поминува низ Вага. Со тогашниот Јупитер во Близнаци последниот период ќе ви биде незаборавен.
Работа: Во првата половина од годината ќе се занимавате со читање меѓу редови и ќе го откривате неоткриеното. Оние чија работа е поврзана со истражување, алтернативни или неопипливи работи ќе бидат во плус. Таквите работи ќе се стабилизираат. И понатаму ќе бидете посериозни од другите и сè повеќе одговорни. Летните месеци ќе донесат проширување на знаењето, можност за професионално усовршување, патувања или поврзување со странци. Некои ќе одат преку граница и ќе ги истражуваат своите способности надвор. Ќе има и такви кои летото ќе го поминат работејќи во странство. Во тоа ќе бидат успешни. Од есен настапува олеснување - вие сте ги кристализирале своите работни цели и спокојно продолжувате кон нив. И понатаму ви се отворени вратите на вашето знаење, можно е дошколување, како и ангажман вон местото, па и вон државата каде што живеете. Студентите ќе бидат успешни.
Здравје и совет: Поголемиот дел од годината повремено ќе имате стресови со кои ќе знаете да се носите. Мирот и сериозноста се нешто ново кое сте го усвоиле во изминатите месеци, а внатрешната интроспекција е она што ве стабилизира. Затоа оваа година ќе имате потреба за моменти на осамување. Летните месеци во вас ќе поттикнат зајакнување на оптимизмот и позитивниот став кон сè, за да по 6 октомври почне да се чувствува вистинско олеснување, како во психички така и во телесен поглед. Ќе ги снема оние досадни фрустрации, а вие ќе станете поведри и поефикасни. Сè ќе ви изгледа полесно и поподготвено ќе се соочувате со животот.
|
|
Вага 23.09-22.10
|
|
15 до 31 мај 2012
Вагите во овој период ќе излезат од поактивниот период кога имале повеќе нови познанства, но некои би можеле да бидат склони кон флерт и кратки авантури. Некои припадници на знакот кои се во врска може да размислуваат за перспективата на врската, но односите со партнерот генерално ќе бидат стабилни.
|
|
|
|
|
|
|
Онака
" ...не се откажувам. Ќе се борам додека не паднам. Тоа е сила што е во моите вени. Се работи само за имање малку верба во фактот дека сé додека можете да земете здив во овој универзум имате шанса. "
Сисили Тајсон (1933- )
|
|