Уцена, малверзации со пари - За каков криминал се способни хороскопските знаци?

Раковите се познати по својата емпатија, но ако некој ги повреди, ќе ја чекаат првата шанса за да им вратат со иста мера - ќе собираат информации, компромитирачки материјали и ќе ве уценуваат за да ви се одмаздат.

ucena-malverzacii-so-pari-za-kakov-kriminal-se-sposobni-horoskopskite-znaci-01.jpg

Дури и да сте 100% сигурни дека сте личност која никогаш не би направила никаков криминал, размислете убаво, можеби некогаш сте украле мастика од продавница како дете.

Тоа, секако не ве прави криминалци, но е доказ дека секој е спремен за некаков вид на криминал...

Па, знаете ли за каков криминал се способни хороскопските знаци?

Овен - Вози со истечена (или без) возачка дозвола

Иако возењето без дозвола е забрането, а возењето со истечена дозвола е, исто така, прекршок, Овните не се грижат многу за тоа.

На почетокот тоа се пократки релации, каде што знаат дека нема да ги запре полиција, но со текот на времето се охрабруваат и почнуваат да возат и на подалечни дестинации.

Бик - Избегнува даноци

Бикот мрази да плаќа даноци, па кога ќе стигне сметката за данок на имот, ја става на страна и „заборава“ дека постои.

Некогаш не ја плаќа ни по првата опомена или писмото со „закана“ од тужба или извршител.

Близнаци - Опивање на јавно место и недолично однесување

Кога Близнаците ќе решат да се забавуваат, не ги запира ни тоа што клубовите се затворени.

Тие знаат да купат алкохол и да пијат на јавно место, а кога ќе претераат со алкохолот, честопати почнуваат да се однесуваат недолично - кршат јавен имот, викаат на цел глас среде улица, пеат пијани, го нарушуваат јавниот ред и мир, па не е исклучено полицијата да ги притвори.

Рак - Уцена

Раковите се познати по својата емпатија, но ако некој ги повреди, ќе ја чекаат првата шанса за да им вратат со иста мера (или полошо).

Тие ќе собираат информации, компромитирачки материјали и во првата пригода ќе почнат да ве уценуваат за да ви се одмаздат.

Лав - Ситна кражба во продавница

Кога Лавот сака нешто - го сака тоа веднаш. Па честопати од продавница ќе земе нешто ситно без да плати.

Ова му го крева и адреналинот - стравот дека можеби ќе го „уловат во криминалот“. Но, не престанува додека еден ден навистина не го фатат.

Девица - Компјутерско хакирање

Многу Девици сакаат да покажат дека се добри во работата со компјутери, дури и генијалци.

Па, ако ви треба некој за хакирање програми, туѓи профили и слично - Девиците се првите од кои треба да побарате „помош“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кој штеди, а кој троши повеќе отколку што има: Какви се хороскопските знаци со парите? Скорпиите го штедат поголемиот дел од заработката и обично трошат само на неопхо...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg