Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и секој остава бакшиш“

„Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадби. Во Македонија голем дел од жените одат на шминкер не само за свадби, туку и за мали семејни забави“, открива кавадарчанката Елена Андонов која работи како мејкап артистка во САД, а има и свој бизнис за декорации на маси за посебни пригоди.

elena-od-kavadarci-e-mejkap-artistka-vo-sad-ne-planirav-da-se-selam-tuka-zarabotkata-e-pogolema-i-sekoj-ostava-bakshish-01.jpg

Елена Андонов од Кавадарци живее и работи во САД како мејкап артистка. Неодамна, таа почна и нов бизнис со организирање луксузен пикник и декорации на маси за посебни пригоди.

Талентираната 27-годишна кавадарчанка дипломирала на Економскиот факултет на УКИМ, отсек надворешна трговија, а работи како мејкап артистка веќе неколку години.

Во разговор со CRNOBELO.com, Елена ни откри нешто повеќе за животот во САД, предизвиците со коишто се соочила, но и како одлучила да ја напушти земјава.

Целото интервју во продолжение:

Колку време работиш како мејкап артистка, а пред колку време го започна новиот бизнис со декорирање маси за настани (Picnic Era)?

Како шминкер почнав да работам пред точно 7 години, мај 2017-та година.

Picnic Era е сè уште млад бизнис, работевме на него последниве неколку месеци и официјално работи од 3-ти април.

elena-od-kavadarci-e-mejkap-artistka-vo-sad-ne-planirav-da-se-selam-tuka-zarabotkata-e-pogolema-i-sekoj-ostava-bakshish-17.jpg

Каде и колку време си во САД и како одлучи да се преселиш – дали планираше подолг период или беше спонтано?

Тука сум веќе две години, а преселбата дефинитивно не беше планирана. Ако ме прашаше некој пред 4-5 години дали некогаш се гледам во САД, одговорот ќе беше „не“.

Секогаш мислев дека доколку решам да се преселам, тоа би било во некоја европска земја. Одлуката ја донесов многу брзо, мојот сопруг Димитар (тогаш сè уште дечко) беше иницијатор.

Со негово претходно работно искуство во винската индустрија во Напа, ме охрабри да дојдам овој пат со него.

Лесна и брза одлука кога е во прашање љубовта, знаев дека сакам да дојдам да живеам со него.

Тешка одлука кога е во прашање кариерата — во тој период имав новоотворено студио за шминка и бев презадоволна од тоа во која насока одеше мојата кариера.

Беше ли тешко да се снајдеш со работа, да најдеш нови клиенти?

Снаоѓање со работа е можеби и најлесниот дел, доколку не си многу пребирлив.

Јас почнав да работам во еден од попознатите ланци продавници за козметика, Ulta Beauty, а во меѓувреме пробував приватно да стекнам клиенти за шминка преку апликации и социјални мрежи.

Дефинитивно беше тешко да ги стекнам тие први клиенти со оглед на тоа што буквално не познавав никој.

Работното искуство во Ulta ми помогна да стекнам многу пријателства, кои сè уште траат иако не работам веќе таму, а ми помогна да стекнам и доста клиенти.

Тука запознав и многу претставници од разни брендови, па по неколку месеци почнав да работам како фриленс артист. Покрај работата како шминкер, моментално сум и фриленс артист за Bobbi Brown и Estée Lauder.

Имав чест да работам за брендови како: Urban Decay, Supergoop, Sunday Riley, Peach and Lilly. Цело ова искуство ја изгради мојата база на познаници, а со тоа почна да се зголемува и обемот на работа како шминкер.

elena-od-kavadarci-e-mejkap-artistka-vo-sad-ne-planirav-da-se-selam-tuka-zarabotkata-e-pogolema-i-sekoj-ostava-bakshish-04.jpg

Што ти беше најголем предизвик?

За мене најголемиот предизвик беше од ментален аспект. Додека да ги одговарам прашањава, сфаќам дека некои работи звучат како да се случиле премногу брзо и лесно.

Првата година беше премногу изразен оној „imposter syndrome“, чувството дека не ти е тука местото, не си доволно добар во работата и покрај сите тие години успешна работа.

Во Македонија работев кон отворање на сопствено студио скоро пет години, па преминот од сопствено студио со полн календар клиенти, до работа која не те исполнува воопшто и немањето клиенти за шминка беше нешто што не можев да го прифатам и тој некој немир си беше постојано во мене.

Нема да лажам и да кажам дека некои од овие несигурности постојат и сега, но дефинитивно не со тој интензитет.

Помеѓу работа како фриленсер, шминкер и Picnic Era, конечно чувствувам дека полека, но сигурно, си го наоѓам своето место тука.

elena-od-kavadarci-e-mejkap-artistka-vo-sad-ne-planirav-da-se-selam-tuka-zarabotkata-e-pogolema-i-sekoj-ostava-bakshish-19.jpg

Колку се разликуваат барањата на клиентите во Македонија и САД?

Додека работев во Македонија, многу често клиентите сакаа да вклучат боја во шминката, посмели и впечатливи шминки.

Тука, настрана од некои креативни фотосесии на коишто имам работено, не се сеќавам клиент да ми побарал таков стил на шминка.

Најчести барања се земјени тонови, нежен глам, минималистичка шминка...

elena-od-kavadarci-e-mejkap-artistka-vo-sad-ne-planirav-da-se-selam-tuka-zarabotkata-e-pogolema-i-sekoj-ostava-bakshish-18.jpg

Дали е поубаво да си мејкап артистка во Македонија или во САД? Каде повеќе го ценат трудот и која е најголемата разлика од тука и САД?

Поубаво е во Македонија! Хаха!

Ова им го кажувам на сите. Ние сме дефинитивно посмирен и опуштен народ, кога невести ми доаѓале за шминка, никогаш не сум се чувствувала под стрес, а и тие скоро секогаш биле опуштени и комуникативни.

Најголемата разлика е во тоа што 99% од клиентите во САД бараат шминка на локација, ретко кој сака да оди во студио да се шминка. Ова подразбира многу патување, многу возење низ различни градови.

Цела опрема, од стол до шминки, до осветлување, постојано ја возам со мене во кола. Невестите секогаш се спремаат заедно со девериците на локацијата каде што ќе биде венчавката, па шминкерот и фризерот мора да патуваат до таму.

elena-od-kavadarci-e-mejkap-artistka-vo-sad-ne-planirav-da-se-selam-tuka-zarabotkata-e-pogolema-i-sekoj-ostava-bakshish-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел гла... „Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ ...
Михаил Корубин: „Моите ми направија прва ‘изложба’ дома на 6-7 години, израснав во ателјеата на татк... „Паметам на 6-7 години моите ми ја направија првата „изложба“ во нашата куќа, ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg