Календар со неработни денови за 2024 година

Колку неработни денови и државни празници ќе имаме во 2024 година? Симнете го и испечатете го календарот со неработни денови за 2024 година во којшто се одбележени неработните денови и државните празници.

nerabotni-denovi-i-drzhavni-praznici-vo-2024-godina-vo-kalendarot-ima-9-prodolzheni-vikendi-01.jpg

Министерството за труд и социјална политика ја објави програмата за неработни денови и државни празници за 2024 година.

Во објавениот календар за 2024 имаме вкупно 9 продолжени викенди, затоа што има повеќе празници што се паѓаат во петок и недела.

nerabotni-denovi-i-drzhavni-praznici-vo-2024-godina-vo-kalendarot-ima-9-prodolzheni-vikendi.webp

Испечатете го и закачете го над вашето работното биро или дома, на видно место.

Календарот со неработни денови во 2024-та година можете да го преземете во PDF тука.

Споделете со пријателите, семејството и блиските со кои сакате да ги испланирате слободните денови во наредната година!

Во продолжение проследете ја листата на неработни денови и државни празници за 2024 година:

За сите граѓани:

  • 01 јануари (понеделник), Нова Година
  • 07 јануари (недела), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден
  • 06 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
  • 10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
  • 01 мај (среда), Ден на трудот
  • 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители
  • 02 август (петок), Ден на Републиката
  • 08 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден
  • 11 октомври (петок), Ден на народното востание
  • 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба
  • 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски“, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед:

  • 06 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божиќ
  • 19 јануари (петок), Богојавление (Водици)
  • 03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
  • 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
  • 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед:

  • 01 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
  • 01 ноември (петок), Празникот на сите светци
  • 25 декември (среда), првиот ден на Божиќ

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

  • 16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница:

  • 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница:

  • 27 јануари (сабота), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница:

  • 08 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите 

За граѓаните припадници на влашката заедница:

  • 23 мај (четврток), Национален ден на Власите 

За граѓаните припадници на еврејската заедница:

  • 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур  

За граѓаните припадници на бошњачката заедница:

  • 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците 

За граѓаните припадници на турската заедница:

  • 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Доколку го барате календарот со неработни денови од 2023-та, можете да го најдете ТУКА.

Би можело да ве интересира:

Драган од Радовиш: „Поминаа 10 години откако дојдов во Шведска - знаев само 5-6 Македонци, но држава... „Денес... 10 години откако дојдов во Шведска. Искрено… поминаа како 10 дена. По ...
Атрактивни во бикини - Кои познати Македонки ја почнаа летната сезона во мај? „Плажа и уживање. Толку“, напиша водителката Ивана Јанковска, која е една од нек...
Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...
Календар со неработни денови и државни празници за 2026 година Календарот со неработни денови и државни празници за 2025 веќе го подготвивме и ...
Ледената Македонка Бетика за поплавите во родниот Ресен: „Оваа срушена куќа е во мојата улица, канал... „Поминав до куќите на моите сограѓани, стари изнемоштени лица со солзи во очите ...
Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...

Најчитани неделава