Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Неработни денови во 2023 година

Погледнете и испечатете го новиот календар со неработни денови во 2023 година. Во 2023-та повторно имаме голем број празници и дури 7 продолжени викенди за сите граѓани.

nerabotni-denovi-vo-2023-ta-godina-7-prodolzheni-vikendi-od-koi-3-vo-april-01.jpg

Министерството за труд и социјална политика ја објави програмата за неработни денови за 2023-та година, а според неа, во 2023-та ќе имаме вкупно 7 продолжени викенди, што ќе биде одлична можност за да испланирате поголем број патувања.

Во 2023-та има 7 продолжени викенди за сите граѓани, плус уште 4, односно, вкупно 11 продолжени викенди за граѓаните од православна вероисповед.

Новогодишните и божиќните празници годинава се паѓаат за викенд, а во април, пак, има вкупно 3 продолжени викенди.

Календарот со неработни денови за 2023-та година е подготвен и може во секое време да го најдете на CRNOBELO.com во делот „Препорачуваме“ (во најдесната колона).

Или уште подобра опција е да го испечатите и закачите над работното биро или дома, на видно место.

Календарот со неработни денови во 2023-та година можете да го преземете во PDF тука.

Споделете со пријателите, семејството и блиските со кои сакате да ги испланирате слободните денови во наредната година! ?

Доколку го барате календарот со неработни денови од 2022-ва, можете да го најдете ТУКА.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg