Сигурно веќе сте виделе свадби на кои младоженците сами редат шумско овошје на бела торта и истураат шеќер во прав – трендот не е нов, но сезонава станува уште повирален и популарен меѓу младите.
Мелиса и Мартин на уникатен начин си ветија љубов до крајот на животот на дното од Јадранското Море во Селце, мало приморско туристичко место во Хрватска.
„Моја желба беше земањето невеста да биде од дома - таму каде што се моите први спомени, моето семејство и моето детство. Доаѓам од Градско и горда сум на моите корени, на луѓето што ме обликуваа и на вредностите што ме направија тоа што сум денес“, вели Катерина Димова Митула.
„Фризурата ја правев во маалска фризерница близу хотелот, а се шминкав сама колку што умеам (ха, ха), зашто обично не носам многу шминка. Пред фонтана Ди Треви бевме во 4 часот изутрина, и тогаш имаше 2-3 луѓе, но кога видоа дека сум невеста, самите се тргнуваа понастрана“, вели Дона Ѓорѓиевска за CRNOBELO.com.
„По свадбата ни рече дека не направила ништо погрешно. Но, се чувствував засрамено и навистина го повреди син ѝ“, открива девојка чија свекрва дошла на нејзината свадба во венчаница.
Под отворено небо, со дрвени бохо конструкции, рачно изработени макраме детали, бели цветни аранжмани и природна романтика, Марија Кавазова (29), програмер, и Мартин Мишков (29), претприемач, направија бохо свадба за паметење.
Немојте да доцните, никако немојте да носите бела облека и немојте да пиете многу алкохол – никој не сака да се расправа со пијани гости на свадба.
Антонио Камберов (25) на својата свадба со саканата Кика на шеговит начин се збогуваше со својот мотоцикл со напис „Ќе ми недостигаш другарче“. Тој мотоциклите ги претстави како свое семејство на свадбата, но и како страст од која се збогува во име на здравјето, за кое треба да се грижи поради своето идно семејство.
„Сули Ан го претворивме во сицилијанска бајка: маси со златни детали, свежи цвеќиња во богати бои, скулптури што потсетуваа на антички времиња и мирис на лимони и маслиново масло во воздухот“, вели Настасја од Скопје за свадбата со саканиот Иво Ранѓеловиќ за CRNOBELO.com, а споделува детали и за втората прослава во Грција.
„Секој чекор на Марина кон олтарот беше чудесен – тежок, а сепак лесен, како некој да ја носеше. Ако постојат сили, духови, енергии… верувам дека нејзината мајка беше таму со неа. Букетот не заврши во рацете на пријателките. Предаден е на мама, на нејзиното последно земско почивалиште, на плочата на нејзиниот гроб“ - пишува Томислав, свадбен фотограф од Хрватска за најемотивната свадба која ја фотографирал.
„Ми се исполни една од желбите - на мојата свадба да го носам фустанот на мајка ми од свадбата со татко ми“, вели Сара и со љубов зборува за ова парче со сентиментална вредност. Инспиративно, зарем не?
„Снимено е буквално сè - од изгрејсонце на Дуомо, кога Милано уште спиеше, до улиците на Белаџио и величествената вила Песина. За изгледот за фотосесијата се погрижив сама, а Александар и тимот ми помагаа околу фустанот, штиклите, велот, носење вода, огледало“, вели Марија Стојановска за CRNOBELO.com.
Теглички со мед на секоја чинија, лепеза за гостите да се разладат на секое столче, семе во форма на срце кое може да се засади и да прерасне во плод или колачиња кои веднаш се јадат - со што да ги замените вреќичките со бонбончиња кои многумина ги фрлаат.
„Највеселите свадби не се оние кои биле најскапи. Како организатор на свадби кој видел многу вакви веселби, никогаш не би фрлил залудно пари на 5 работи, а паровите често ги прават тие грешки - од скапи подарочиња за на секоја чинија, до преплаќање непотребни декорации“.
Вкусни крофни со шеќер или со прелив, или пак, мафини украсени со фил и цветни декорации - идеи како да биде сервирано благото доколку сакате да направите нешто покул од класичната невестинска торта на летна свадба.
Кога работите не одат според планираното, но вие знаете како да се справите со насмевка. Инспиративен пар направи кул потег...
Од интимната венчавка на водителката Ведрана Ѓорѓевиќ, преку раскошната свадба во стилот на Убавицата и ѕверот на Ана и Мартин, до свадбената веселба на Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски, на кој пејачката смени две венчаници (а едната ја комбинираше со патики)... Ова се некои од најубавите свадби објавени на CRNOBELO.com во 2024-та.
„Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме. Сега сака ручекот да биде модерен, со прием во ресторан“ – девојка од САД споделува како планирањето на мала свадба ѝ се претворило во ноќна мора заради тоа што другите ѝ се мешаат.