9 креативни подарочиња за гостите на свадба (што надежно нема да завршат во канта)
Теглички со мед на секоја чинија, лепеза за гостите да се разладат на секое столче, семе во форма на срце кое може да се засади и да прерасне во плод или колачиња кои веднаш се јадат - со што да ги замените вреќичките со бонбончиња кои многумина ги фрлаат.

Бонбончињата кои порано се даваа за секој кој ќе земе парче од невестинската торта, сега се претворија во ситни подарочиња кои ќе останат како спомен, а се оставаат на секоја чинија.
Секако, тоа не е правило, но многумина, водени по Пинтерест трендовите, се обидуваат да бидат креативни во ова поле.
Иако реалноста е дека голем број од гостите забораваат да си ги земат овие подарочиња, или пак, ги фрлаат во канта, сепак има дел од нив што засекогаш си ги чуваат како спомен.
Доколку имате мерак, никој не ве спречува да го прифатите овој тренд, а во продолжение погледнете идеи за креативни подарочиња кои ќе останат како спомен или ќе се искористат веднаш.
Кој е вашиот фаворит?
Домашно направени (или нарачани) колачиња кои може веднаш да се изедат наместо да се фрлат

Мини теглички со мед и лепенка со вашите иницијали

Мини свеќички во тегла или во форма на срце

Мини саксии или бомбици со семе за садење кое ќе прерасне во некаков цвет или плод

Картички со чоколатце во форма на срце или друго спакувано чоколадо

Затворач за шише за вино со срце

Шишенце со течност за правење меурчиња и натпис со иницијали (може да се искористат на лице место за добра фотка)

Мини пакетчиња за мамурлук

Лепези кои може да им се најдат на сите ако е топло

М. М. | Црнобело
