Катерина пред свадбата ја облече венчаницата од баба ѝ, стара 57 години: „Горда сум на корените, ме зедоа од моето Градско“

„Моја желба беше земањето невеста да биде од дома - таму каде што се моите први спомени, моето семејство и моето детство.  Доаѓам од Градско и горда сум на моите корени, на луѓето што ме обликуваа и на вредностите што ме направија тоа што сум денес“, вели  Катерина Димова Митула.

katerina-na-svadbata-ja-obleche-venchanicata-od-baba-i-stara-57-godini-pred-svadbata-me-zedoa-od-moeto-gradsko-01.jpg

Катерина Димова Митуља (29) е семеен и системски психотерапевт, родена во Градско, а денес живее и работи во Скопје.

Основач и раководител е на Центарот за ментално здравје „Неуроклиник“ и активно работи на теми поврзани со менталното здравје, поддршката на деца, родители и семејства.

Во својата работа верува дека секоја лична приказна започнува од корените и чувството на припадност, па затоа посебно внимание посветува на семејните односи, заедницата и создавањето простор за раст и развој. Покрај професионалниот ангажман, активно учествува во организирање едукативни настани, работилници и проекти од општествено значење.

Сега, таа стапи во брак со својот сакан, а на свадбата ги направи сите традиции со земање од Градско, но и го облече фустанот од баба ѝ, стар 57 години.

Катерина за CRNOBELO.com вели:

„Како семеен и системски психотерапевт, често зборувам за корените, припадноста и приказните што ги носиме со себе.

Оваа свадба беше мој потсетник колку тие навистина живеат во нас.

Моја желба беше земањето невеста да биде од дома - таму каде што се моите први спомени, моето семејство и моето детство.

katerina-na-svadbata-ja-obleche-venchanicata-od-baba-i-stara-57-godini-pred-svadbata-me-zedoa-od-moeto-gradsko-04.jpg

Доаѓам од Градско и горда сум на моите корени од Градско, на луѓето што ме обликуваа и на вредностите што ме направија тоа што сум денес.

Особено емотивен беше моментот кога кон новото поглавје ме испратија луѓето со кои растев. Во нив не ги видов само братучедите и брат ми. Го видов детството.

katerina-na-svadbata-ja-obleche-venchanicata-od-baba-i-stara-57-godini-pred-svadbata-me-zedoa-od-moeto-gradsko-03.jpg

Ги видов сите години поминати заедно, сите спомени, сите моменти во кои, без да знаеме, сме си биле потпора едни на други.

Ние терапевтите често зборуваме за личната сила, но и за силата на семејниот систем. Мислам дека токму тоа го видов во тој момент.

Посебна чест ми беше што, 57 години подоцна, го облеков свадбениот фустан на баба ми.

katerina-na-svadbata-ja-obleche-venchanicata-od-baba-i-stara-57-godini-pred-svadbata-me-zedoa-od-moeto-gradsko-02.jpg

Во тој момент почувствував дека не носам само венчаница, туку носам љубов, историја, спомени и припадност.

Кликнете на видеото од реакцијата на баба ѝ за фустанот пред свадбата:

А сега, на тие корени од Градско им се придружи и едно убаво парче од Крушево.

Деновиве ме потсетија колку е привилегија да се биде дел од нечии важни животни моменти, а тие да бидат дел и од твоите“.

Кликнете на видеото од свадбата:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Магично: Сара од Скопје се омажи за Италијанец во венчаницата од мајка ѝ, стара 32 години „Ми се исполни една од желбите - на мојата свадба да го носам фустанот на мајка ...
Девет работи што никако не треба да ги правите на свадба, според бонтон експерт Немојте да доцните, никако немојте да носите бела облека и немојте да пиете мног...
Антонио од Негорци на хит начин се збогуваше со мотоциклот на денот на својата свадба (фото) Антонио Камберов (25) на својата свадба со саканата Кика на шеговит начин се збо...
Бајковитата свадбена фотосесија на Александар од „Либеро бенд“ и Марија во Италија: „Локалците го за... „Снимено е буквално сè - од изгрејсонце на Дуомо, кога Милано уште спиеше, до ул...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg