Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоцијата: „Некои не ми ни вратија на порака“
- Детали
- петок, 12 јуни 2026
Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе од 60.000 евра, плус за дел од колегите од естрадата вели: „Има многу на листата кои потврдија дека ќе дојдат и не дојдоа...“

Антониа Гиговска неодамна направи промоција на својот втор албум, наречен „Жена“, а публиката веќе може да ги слушне песните, но и да ужива во спотовите за секоја од нив, а кои таа ги снимаше изминатиов период.


Сега, во гостување кај Марио Арангеловски, таа откри кои од колегите ја испочитувале, а кои воопшто не ѝ ни вратиле на пораката во која ги поканила на промоција.

Антониа во својот препознатлив специфичен сценски стил се појави кај Марио и облече розово здолниште, чорапи над колена, градник од тантела и сиво палто.

Таа откри дека и нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан.

На прашањето колку чинел нејзиниот албум, Антониа вели:
„Многу! Преку 60.000 евра... На албумот работеа Лазар Цветковски, Дарко Димитров и имам една песна со Роберт Билбилов“.

На прашањето дали некои од колегите не дошле на промоцијата на нејзиниот албум, вели:
„Има многу на листата кои потврдија дека ќе дојдат и не дојдоа.
Имаше и такви коишто ми пишаа 2-3 дена пред настанот дека нема да успеат да дојдат. Мислам тоа е нивен избор.

Инаку, имаше многу од колегите коишто воопшто не ми ни вратија на пораката.
Немаше никаков одговор“.
