Миха Гигов од „Тин камп“ слави матура, Цаци Паковска емотивна: „Не ми се верува дека вчера беше 11-годишно дете“
- Детали
- вторник, 19 мај 2026
„Не ми се верува дека денес славиш матурска вечер, а како вчера да беше 11-годишно дете. Остани каков што си, совршен си!“ - напиша Цаци Паковска за Миха Гигов, ѕвездата од „Тин камп“ и нејзина гордост помеѓу другите деца од проектот со кој се прославија.

Миха Гигов е една од ѕвездите и идолите помеѓу помладите, а се прослави со проектите „Дајте музика“ и „Тин камп“, по кои, со својот бенд од шоуто ја претставуваше нашата земја на детска Евровизија во 2021.

Младото момче ја освои публиката со својот талент, харизма и изглед, а сега веќе е полнолетен дечко, кој вечерва ќе слави матура.
Цаци Паковска, која стои зад двата проекта како извршен продуцент, низ годините многу се зближи со сите овие деца кои ги гледа како свои, а сега сподели објава во која повторно покажува колку е горда на Миха.

На Инстаграм таа сподели повеќе фотографии со него, постари и понови, а емотивната објава гласи:
„Во моите очи ти секогаш ќе бидеш магично момче.
Не ми се верува дека денес славиш матурска вечер, а како вчера да беше 11-годишно дете.
Остани каков што си, совршен си!“.
Миха пак, во коментар ѝ напиша: „Те гушкам силно“.
Погледнете повеќе фотки од објавата:







M. M. | Црнобело