Емотивна средба - Слаткар на концерт го препозна Јован, момчето кое спаси 20 деца во Кочани, и се симна да го бакне

„Еве го јунакот“ - напиша Слаткар кој на својот вчерашен концерт го препозна момчето-херој од Кочани и слезе меѓу публика за да го гушне и бакне. 

emotivna-sredba-slatkar-na-koncert-go-prepozna-jovan-momcheto-koe-spasi-20-deca-vo-kochani-i-se-simna-da-go-bakne-01.jpg

По концертот во полната арена Борис Трајковски, каде настапи заедно со Тони Зен, вчеравечер Марко Маринковиќ Слаткар одржа интимен концерт во Станица 26.

Иако цела вечер публиката пееше со него, скандираше, се забавуваше и уживаше во секој миг од концертот, сепак, сите што беа таму засекогаш ќе се сеќаваат на моментот кога Марко, пеејќи ја „Да полетам“, се симна меѓу публиката, бидејќи во толпата го препозна Јован Костадинов, момчето-херој од Виница, кое на кобната ноќ во дискотеката Пулс во Кочани, спаси 20-тина деца.

emotivna-sredba-slatkar-na-koncert-go-prepozna-jovan-momcheto-koe-spasi-20-deca-vo-kochani-i-se-simna-da-go-bakne-02.jpg

Слаткар, придружуван од обезбедувањето, одеше низ толпата, а потоа застана до Јован, го гушна и го бакна.

Јован, возбуден од ситуацијата во која се најде, и тој го бакна Слаткар, а на својот Инстаграм Стори сподели две куси видеа и напиша дека Слаткар му е омилен.

Еве го јунакот“, пак, напиша Слаткар, откако и самиот ги сподели видеата од Јован.

emotivna-sredba-slatkar-na-koncert-go-prepozna-jovan-momcheto-koe-spasi-20-deca-vo-kochani-i-se-simna-da-go-bakne-03.jpg

За потсетување, Јован стана симбол на несебична пожртвуваност кога во пожарот во Кочани, без двоумење, влезе во огнената стихија и спаси околу 20 деца.

„Со црево во рацете и срце полно храброст, тој не размислуваше за себе, туку за оние на кои што им беше потребен“ - раскажаа тогаш оние кои беа сведоци на храброста на момчето.

emotivna-sredba-slatkar-na-koncert-go-prepozna-jovan-momcheto-koe-spasi-20-deca-vo-kochani-i-se-simna-da-go-bakne-033.jpg

Погледнете го емотивниот момент на средбата на Слаткар и Јован:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Слаткар со солзи во очи, брутално искрен: „Не сакам син ми Моша да пелтечи“ (видео) На прашањето дали има нешто што не успеал да го каже на покојниот татко, одговор...
Слаткар на концерт во Банско се дружеше со Јован, кој спаси 20 деца во Кочани: „Со херојот“ Ова не е прва средба на Слаткар и Јован. Кога пред неколку месеци пееше во клуб ...
Слаткар брутално искрен: „Велеа дека сум наркоман поради говорната маана, а јас бев среќен што не зб... „Добро е, нека зборат дека сум наркоман, само да не зборат дека д’ткам. Замисли ...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...
„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава