Слаткар со солзи во очи, брутално искрен: „Не сакам син ми Моша да пелтечи“ (видео)
- Детали
- вторник, 23 јуни 2026
На прашањето дали има нешто што не успеал да го каже на покојниот татко, одговори ДА, а потоа со солзи во очи откри дека не сака да зборува повеќе на темата. Потоа не сакаше да открие и што не сака син му Моша да наследи од него, а потоа бришејќи солзи од очи рече: „Не сакам да пелтечи“ – Слаткар одговара искрено додека е поврзан на полиграф.

Во новата епизода од „Полиграф“, проект на нашиот јутјубер Стефонатор, гостуваше Слаткар.
Стефан го најави гостинот како свој многу близок човек за кого има многу почит и благодарност, а му постави интересни прашања со кои ѝ откри на публиката непознати детали за него.
За животот, кариерата, музиката, документарниот филм, татковството, Слаткар беше приморан да одговара искрено.
Одговара дали е вистина дека има забрана за управување со моторно возило, дали на концертот со Тони Зен, половина од картите биле гратис, но и дали се смета за најголема музичка ѕвезда во Македонија и кој е тоа ако не тој.

„Не сум јас тој што може тоа да го каже, но има многу музички ѕвезди во Македонија.
За мене многу се големи Кирил Џајковски, Калиопи, Каролина, Влатко, Владо Јаневски, има едно 10 минимум, не можам да замислам дека можам да застанам во тој ред.
Си мислам дека не сум ни на пола пат, па не е фер да бидам во било што најголем“.

Слаткар откри дека не е вистина дека имал подготвен дует со ДНК, дека би сакал да сними дует со Елена Ристеска, но не и со Десингерица, за кого ја загубил почитта, кога зборувал против Калиопи.
„Мене тој ми е луд како струја скроз, некако ми беше симпатичен, но видов една изјава кај што нешто кажува, против Калиопи и некако ми се згади.
Таа е нашето најголемо богатство и нема како да можам јас да сум дел од спој на некој човек што пробува да ја намали вредноста на таа наша величина“.
Емоциите го совладаа кога беше прашан дали има нешто што никогаш не успеал да му го каже на татко му – одговори ДА, но не сакаше да открие што е тоа и го притисна црвеното копче.
Иако е дозволено само еднаш да се притисне тоа копче за да избегне одговор, Слаткар го стисна и вторпат кон крајот на емисијата, кога беше прашан дали има нешто што не сака син му Моша да наследи од него.

Сепак, приморан да одговори на прашањето, со солзи во очи и многу емоции, рече: „Не сакам да пелтечи“.

Тој зборуваше и за документарниот филм кој го подготвува и за коментарите кои ги добиваше, па призна дека се кае што прифатил пари од Агенцијата за филм, иако целта не му биле средствата, туку бенефитот за успех на филмот кога државата стои зад него.

Вели дека смета дека е добар татко и дека поминува многу време со синот, но дека сомнеж секогаш може да постои, бидејќи секој родител сака да биде уште подобар за своето дете.
Погледнете го целото тестирање на полиграф:
M. M. | Црнобело