Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешто такво“
- Детали
- четврток, 11 декември 2025
„Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои работи не треба ги видиш во живот’, јас реков ‘Кој ве прашва бе батиња, јас сакам да сум поддршка кај жената, таму да бидам, па што сака нека е“ - вели Виктор, кој откри дека бил во породилната сала додека сопругата се породувала.

Виктор Апостоловски на 2 декември стана татко, а со сопругата Милена го добија синот Адам.
Иако бременоста на Милена не ја откриваа до моментот кога таа влезе во деветтиот месец, Виктор само неколку дена по раѓањето на синчето објави видео во кое откри дека присуствувал на породувањето и дека ова му го препорачува на секој маж, зашто вели, откако видел низ каква мака поминала Милена за да го роди нивното бебе, сега ја сака 200.000 пати повеќе.

Во видеото, на битолски, Виктор раскажува детали од тоа што го доживеал и почувствувал во породилната сала покрај Милена. Па вели:
„Во вторникот поручек накај два и пол сатот, после долго чекање ни се роди Адам, и ко за прво па мушко - Бога ми мажиште.
53 сантими долг, 3 кила и 740 грама. Сеа ќе речиш ‘Шо има врската, тоа не значи ништо’.
Не значи, ама полојна алиштата треба ги фрлиме сега пошто е многу долго детево.
Обично биле по 48 сантими, 49. Ги рачунаат за големи кога се 50, 51 сантим. 53 бате - ѕверче невидено.

И ако има некој подѕверче од него, тоа е дефинитивно мајка му. Нека е здрава и жива. Жената моја најуба.
После она што го видов, која мака ја истегна и тоа машки, ја сакам едно 200.000 пати повеќе, ако воопшто е возможно.
И ќе ѝ бидам благодарен цел век. Бескрајно.
Да, убаво ме слушнавте - она што го видов дека го истегна, оти таму бев, во цел овој процес, јас сум таму.

Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои работи не треба ги видиш во живот’, јас реков ‘Кој ве прашва бе батиња, јас сакам да сум поддршка кај жената, таму да бидам, па што сака нека е“.
Сеа, до душа, добро, има некои луѓе што не можат да гледаат крв и такви работи, припаѓаат, што е човечки, да речам.
Па не можат да присуствуваат, пошто сакал-нејќел, ќе видиш негде крв, породилна сала е, нормално. Јодот ќе го видиш, на крв ќе ти заличи, ќе припаднеш.

Ама ако немаш мака од такви работи, јас лично ви препорачувам на сите да присуствувате.
Не за дамек, ај сега ти истегна мака и ние да истегниме, туку, едноставно, кога си надвор од породилната, не ти е сеедно тебе.
Знаеш дека жена ти се мачи, ама немаш појма, го немаш видено моментот, ме сфаќаш?
Знаеш дека е мачно, но можеш само да го замислиш, не можеш да го видиш, да го доживееш во живо.
А едното со другото нема благе везе. И јас претходно мислев дека можам да замислам.
Не, брат, она што се дешава внатре, вистина е природен процес, вистина сите жени во минатото го врвеле.

Ама, брат, алал да му е. Значи, алал да му е. Онакво нешто, дали можи маж да издржи - не знам.
И ти можеш да си ја сакаш жената и да си ја почитуваш и сите марифети и без да го доживееш тој момент.
Ама кога ќе го видиш и кога ќе го доживееш, се отвора на таква нова емоција, една таква благодарност добиваш кон личноста. Не можам да опишам.
Ако мислиш дека ја сакаш во моментот, оди доживеј го тој момент со неа да видиш колку појќе ќе почниш да го цениш постоењето воопшто“.

Виктор на Фејсбук се пофали и дека му сменил пелена на Адам.
„Првата пелена во животот - успешно сменета! Кој сака нека честита“ - напиша Виктор.
Кликнете и погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело
