Се породи Анастасија Ражнатовиќ – ја криеше бременоста 9 месеци, роди момче

Ќерката на Цеца ја криеше бременоста 9 месеци, а сега гордата баба и таткото Немања Гудељ објавија дека Анастасија се породила – по долго чекање и една неуспешна бременост, тие станаа родители на син.

se-porodi-anastasija-razhnatovikj-ja-krieshe-bremenosta-9-meseci-rodi-momche-01.jpg

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ станаа родители.

Среќниот татко ја објави веста на својот Инстаграм профил, а бременоста успешно ја криеја од јавност цели 9 месеци.

„Илијан Гудељ – 15.07.2026, Слава на Бог“ – напиша тој во описот на фотографијата од раче на новороденче.

se-porodi-anastasija-razhnatovikj-ja-krieshe-bremenosta-9-meseci-rodi-momche-02.jpg

Анастасија се породи во Шпанија, а според српските медиуми, мајката и детето се добри и породувањето поминало во најдобар ред.

Членовите на семејството Ражнатовиќ и Гудељ се собрани во Севиља, каде што живеат младите родители и заедно ќе го прослават доаѓањето на новото внуче.

Инаку, Цеца, уште на почетокот на месецот замина во Шпанија, а српските медиуми пишуваа дека побегнала кај ќерката да одмори од работните обврски.

Сепак, сега е јасно дека таа отишла да ѝ биде поддршка и помош на бремената ќерка, но и да го дочека раѓањето на своето внуче, прво од нејзината ќерка и четврто вкупно.

se-porodi-anastasija-razhnatovikj-ja-krieshe-bremenosta-9-meseci-rodi-momche-01_1.jpg

За потсетување, Анастасија во 2023-та објави дека е бремена и споделуваше фотки со трудничкото стомаче, но за жал го изгуби бебето, па овој пат, реши бременоста да ја држи во тајност.

  

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
Цеца носела пиштол со себе - Детали за убиството на Аркан пред 26 години „Некои жени ми бранеа да излезам од бутикот, а Ѕвонко врескаше: ‘Командантот е у...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
Цеца за животот како млада девојка: „Кај маж ми бев принцеза, кај мајка ми морав да готвам и да чист... „На мајка ми ѝ велев, Боже кога ќе се омажам, има слуги да ме служат, само да не...

Најчитани неделава