Татко од Велес со моќна објава: „Сине, цел ми е да те научам на сè што знам - за да не ти требам повеќе“
„На син ми му велам: Знаеш ли која е мојата главна цел во животот со тебе? - Која? - прашува со доза чудење. - Да те научам на сè што знам, за јас да не ти требам повеќе. - Зошто да не ми требаш?! - прашува уште позачудено. - Зашто само кога нема да ти требам значи дека јас сум ја завршил работата добро“, вели Филип Иванов (37) од Велес, татко на две деца.

Филип Иванов (37) е црковен пастор во Велес, но и татко на две деца. Сега, тој на поголемиот син Натан, кој постојано го вклучува во своите секојдневни активности, му посвети емотивна објава.

Секој родител треба да ја прочита:
„Го учам денеска син ми Натан на една животна вештина, па среде работа го прашувам:
- Тате, знаеш ли која е мојата главна цел во животот со тебе?

- Која? - прашува со доза чудење.
- Да те научам на сè што знам, за јас да не ти требам повеќе.

- Зошто да не ми требаш?! - прашува уште позачудено.
- Зашто само кога нема да ти требам значи дека јас сум ја завршил работата, а ти вистински си пораснал и созреал, ме разбираш?

- Добро...
Не верувам дека во целост ја разбра тежината на овие зборови, но знам дека ќе останат со него, па постепено ќе му се откриваат нештата.

Но, муабетот ме потсети на ова - целта на татковството не е само да им ДАДЕМЕ на нашите деца тоа што ние не сме имале како деца, туку да ги НАУЧИМЕ сè што не сме знаеле или немало кој да нè научи.

Со првото, иако не е погрешно само по себе, доаѓа ризикот да ги презаситиме со материјални работи, додека со второво доаѓа можноста да им оставиме нешта кои ќе им бидат од полза засекогаш, работи кои се учат, стекнуваат и предаваат понатаму, работи кои со пари не се купуваат“.


С. С. | Црнобело